„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Apple објави најсилен јунски квартал во својата историја. Продажбата на iPhone скокна за 22 отсто, а на Mac за 29 отсто на годишно ниво. Акцијата, сепак, падна за 6 отсто веднаш по објавата. Не поради тоа што било, туку поради тоа што компанијата го најави дека доаѓа.
Причината има смешно име и несмешни последици – во индустријата ја викаат RAMageddon. Бумот на генеративната вештачка интелигенција голта мемориски чипови со брзина на која производството не може да одговори, а Apple е меѓу оние што најтешко го поднесуваат ударот бидејќи ѝ требаат најнапредните мемориски компоненти за сопствените процесори од сериите A и M – тие што ги движат iPhone и Mac уредите.
Досегашниот извршен директор Тим Кук го нарече „стогодишна поплава врз цените на меморијата”. „Продолжуваме да очекуваме високо ниво на побарувачка. Меѓутоа, со помала флексибилност во синџирот на снабдување, очекуваме влијанието од ограничувањата значително да се зголеми”, изјави Кук на кварталниот повик со инвеститорите, додавајќи и една реченица што ретко се слуша од компанија со таков биланс: „Во суштина, ќе се снаоѓаме на страната на снабдувањето.”
Колку сериозно го сфаќаат тоа во Купертино покажува една бројка. Apple пријави 11,1 милијарда долари вредност на залихи – речиси двојно повеќе од 5,7 милијарди во септември минатата година. Тоа е директен пресврт на моделот што самиот Кук го изгради и по кој стана легенда во управувањето: држи што помалку залихи, нарачувај точно колку ти треба, кога ти треба. Кога човекот што ја напиша таа доктрина почнува да складира, тоа е сигнал сам по себе.
Сметката, се разбира, не ја плаќа Apple. Минатиот месец компанијата „со неволја”, како што рече Кук, ги крена цените на Mac и iPad уредите. Истото го направија и Meta, Samsung, Microsoft и Sony. Значи не е трошок на една компанија – тоа е нов под на цените за секој што ќе купува уред оваа година.
За следниот квартал Apple прогнозира раст од 9 до 11 отсто, наспроти околу 16 отсто колку што одржуваше во претходните неколку квартали. А во септември на чело доаѓа Џон Тернус, досегашен потпретседател за хардверски инженеринг, кој столчето го наследува токму во моментот кога хардверот е проблемот.
Тука е и иронијата вредна да се задржи. Целата приказна за вештачката интелигенција беше продадена како нешто што постои во облак, некаде, без тело. Испадна дека има многу конкретно тело – од силициум, во ограничена количина – и дека кога дата центрите ќе го откупат, редот за останатите станува подолг, а цената повисока. Не за фирмите што ја градат ВИ. За оној што сака нов телефон.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.