„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Четиристотини милиони долари (околу 345 милиони евра) е цената што TikTok и матичната ByteDance ја платија за да ја затворат тужбата на американското Министерство за правда. Обвинението: со години пуштале деца под 13 години на платформата и им ги собирале личните податоци без родителите воопшто да знаат.
Спогодбата не бара признание на вина. Тоа е клучната реченица во целата приказна и вреди да се прочита двапати. Фирмата плаќа, менува неколку поставки, и правно гледано – ништо не се случило.
Тужбата тргна во 2024 година, врз основа на американскиот закон за заштита на приватноста на децата на интернет. Според обвинението, TikTok знаел дека има деца на платформата и продолжил да ги држи таму со години. Уште полошо: податоците на тие деца завршувале во системот за таргетирани реклами, а вработените внатре во фирмата веќе алармирале дека нешто не е во ред.
Но ова не е првиот пат. Во 2019 година истата фирма плати 5,7 милиони долари за истиот прекршок, тогаш преку претходникот Musical.ly, и вети дека ќе спречи деца под 13 да отвораат профили. Седум години подоцна сметката е седумдесет пати поголема. Прашањето што само се наметнува: дали казната воопшто функционира како казна, или е само трошок што се впишува во буџетот?
Обвинението оди и чекор подалеку – тврди дека фирмата ги менувала правилата за регистрација на начин што го отежнувал утврдувањето на возраста. Со други зборови, системот не потфрлил случајно.
Тајмингот е речиси комичен. Само неколку дена пред спогодбата излезе извештај дека TikTok намерно исклучил алгоритамска заштита кај околу 10 отсто од американските корисници – како експеримент. Таа заштита постоела за да ги ограничи штетните содржини што му паѓаат на корисникот. Двајца американски сенатори, републиканка и демократ, испратија писмо до директорот Шоу Чу барајќи објаснување. Кога Вашингтон се обединува преку партиските линии, обично значи дека работата е навистина лоша.
Во Европа регулативата за заштита на податоците на малолетници е построга на хартија отколку американската. Прашањето е колку од тоа стигнува до екранот на дете во Скопје, кое истата апликација ја отвора со истиот алгоритам зад неа.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.