Кратовец со нож прободе полицаец среде интервенција: обвинителството бара притвор за 40-годишникот
15.09.2026
15.09.2026
15.09.2026
15.09.2026
15.09.2026
15.09.2026
15.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
13.09.2026
15.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
15.09.2026
15.09.2026
15.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
13.09.2026
15.09.2026
15.09.2026
15.09.2026
15.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Илјадници луѓе во понеделник тргнаа заедно со студентите низ центарот на Белград – од Ректоратот до седиштето на Републичката изборна комисија. Носеа кутии со потписи и предадоа изборна листа на студентското движење „Студентска листа – Студентите победуваат“. Шетањето траеше околу триесет минути и беше наречено „Шетање на победата“.
На чело на колоната имаше голема група мотоциклисти. Над луѓето се вееја државни знамиња со пораката „Слободата нема цена“, факултетски и средношколски знамиња, транспаренти на граѓански групи. Студентите носеа и реплика на скулптурата „Победник“ на Иван Мештровиќ – симболот на Белград што стои на Калемегдан.
Потписите што мораа да се чекаат во ред
Собирањето потписи не помина мазно. И покрај ветувањата, организаторите не успеале да обезбедат доволно нотари за заверка, па илјадници луѓе низ Белград и низ цела Србија чекаа во редови преку викендот само за да им биде заверен потписот. Административна пречка која секој на Балканот ја препознава без објаснување.
Одговорот од врвот
Александар Вучиќ реагираше со видео на Инстаграм. Ја нарече студентската листа „безимена“, без „програми и планови“ и „листа од која сите се срамат“. Праша зошто илјадници потпишале без да знаат кои се кандидатите и каква е платформата.
Само што листата не е безимена. Таа содржи 250 кандидати за пратеници – професори, лекари, уметници, актери, спортисти, активисти и претприемачи од разни делови на Србија, избрани преку повеќе од една година факултетски собранија, блокади и колективно одлучување. Може да ти се допаѓа или не, но „безимена“ е најслабиот приговор што му беше на располагање.
Изборната комисија досега потврди листа на Српската напредна партија со коалициските партнери, предводена од Вучиќ, и листа на Социјалистичката партија на Србија под Ивица Дачиќ. Истиот Вучиќ најави дека на 27 септември ќе поднесе оставка на функцијата претседател и ќе води кампања како обичен граѓанин – купил камион, возило и камп-приколка за да обиколи и оддалечени места и градови, со три-четири големи митинзи и завршница во Ниш.
Претседател што поднесува оставка за да може да води кампања. Дали кај нас би реагирале исто на таков потег?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Илјадници луѓе под дигитален часовник и транспарент со порака да бидат прогласени невини. Во среда Хаг кажува која верзија од...
Владејачката листа помина без ниту еден проблем, студентската остана да чека во ред. Никој не забранил ништо - шалтерот едноставно...
Истата фирма што со години испорачуваше муниција на Украина гори по втор пат за месец дена. Седум државни контроли годишно,...
Трет обид за три години, но овој пат потписите дојдоа и од власта. Шест пратеници од владејачката Бошњачка странка најавија...
Четири дена пред пресудата во Хаг, плоштадот во Приштина порача дека судот треба да попушти. Меѓу гостите и лидерот на...
Никој ништо не забранил - ставката едноставно повеќе не се исплатела. Тоа е најчистата верзија на модерната цензура, и не...
Образложението е скапа продукција и слаб комерцијален ефект. Тајмингот е два месеца пред избори. Во Белград излегоа луѓе на улица...
Зукан Хелез побара меѓународната заедница да го повлече потписот врз постоењето на Република Српска - а потоа додаде дека „знаеме...
Власта сама си побара избори од себе, а причината ја спакува како светска нестабилност. Србија гласа на 25 октомври -...
Речиси сите германски партии ја осудија српската власт по државното испраќање на Ратко Младиќ. Едната што не го стори тоа...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.