Skip to content

Судир на патот Подмоље – Струга: 41-годишна возачка од Кичево тешко повредена, повредени и двајца Струмичани

1 мин. читање
Сподели
Судир на патот Подмоље – Струга: 41-годишна возачка од Кичево тешко повредена, повредени и двајца Струмичани

Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Подмоље – Струга беше пријавена во ОВР Струга на 25 септември во 20:20 часот. Се судрија патничко возило „пежо 2008“ со струмички регистарски таблички, со кое управувал 59-годишниот Ј.М. од Струмица, и „форд фиеста“ со кичевски таблички, управувана од 41-годишната К.Ш.З. од Кичево.

Најлошо помина возачката од Кичево, која се здобила со тешки телесни повреди. Повредени се и возачот на „пежото“ и неговиот 57-годишен сопатник Р.М., исто така од Струмица. Повредите им се констатирани во Медицинскиот центар во Струга.

На местото на несреќата увид изврши увидна екипа од ОВР Струга. Кој го предизвикал судирот и како, во билтенот не пишува. А тоа е, всушност, единственото што возачите на тој пат навистина треба да го знаат.

Три повредени луѓе, една од нив тешко. Дали ќе дознаеме што навистина се случило, или сè ќе остане на три реда во дневниот билтен на МВР?