Полицаец од Драчево возел без положен возачки испит: Кој ги проверува оние што ги проверуваат другите?
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
17.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
17.10.2026
16.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
17.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Скопје е без луна-парк веќе една деценија. Тоа не го пишуваме ние – тоа го признава самиот Град Скопје во соопштението со кое се обидува да објасни зошто е раскинат договорот од 10 милиони евра со фирмата „Мастеф“ за проект, набавка и монтажа на 16 реквизити за новиот забавен парк. Договорот е потпишан во мај годинава, а спогодбено е раскинат во август.
Објаснувањето на Градот гласи вака: по раскинувањето на претходниот договор за реквизити, склучен во времето на градоначалникот Коце Трајановски, фирмата повела судска постапка, а судската одлука во нејзина корист, со која Градот е обврзан да ги плати реквизитите, стигнала откако веќе бил склучен новиот договор. Бидејќи новата набавка ги опфаќала и реквизитите од претходниот договор, договорот бил раскинат за да се избегне двојна набавка.
Седум реквизити од времето на Трајановски
Податоците од Бирото за јавни набавки покажуваат каде почнува приказната. Во август 2016 година Градот склучил договор со „Жикол“ за изградба на забавен парк вреден над 1,6 милиони евра. Неколку месеци подоцна, на крајот на вториот мандат на Трајановски, следувале седум договори за набавка на реквизити во вкупна вредност од околу 2,1 милион евра – два со „Ивама Трејд“ за околу 211.000 евра и пет со „Боминг“ за околу 1,9 милиони евра.
Тука сликата станува заматена. Во регистарот на судски пресуди постои пресуда на Врховниот суд од март годинава – пред потпишувањето на договорот со „Мастеф“ – во спорот меѓу „Боминг“ и Градот. Основниот граѓански суд во 2022 година делумно ѝ дал право на фирмата, која тврдела дека Градот неосновано активирал банкарски гаранции. Но Апелациониот суд во 2024 година ја преиначил пресудата во корист на Градот, а Врховниот суд ја одбил ревизијата на „Боминг“ како неоснована, во спор вреден околу 520.000 евра.
Значи, барем во овој спор, Градот не изгубил. Тогаш која е судската одлука што го натерала да раскине договор од 10 милиони евра? И ако новиот тендер ги опфаќал реквизитите од стариот договор, зошто никој тоа не го забележал пред потпишувањето во мај?
Рокот останува – барем на хартија
Градот тврди дека ништо не се менува: за еден месец ќе почне монтажата на седумте реквизити од стариот договор, паралелно со уредувањето на просторот, а со нов тендер ќе се набават ролеркостер и панорамско тркало. Новиот договор, велат, ќе биде помал од 10 милиони евра, а луна-паркот ќе биде готов до крајот на 2027 година, како што е ветено во програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Скопјаните на сето ова одговараат со горчлива шега. „Дете бев кога престана да работи. Дете имам, не работи. Ама за внукот, здравје Боже, ќе работи“, вели еден граѓанин. Друга скопјанка се надева „да не биде како патот за Охрид, децении се стори“. По десет години чекање и реквизити заглавени во магацин, тешко е да се тврди дека претеруваат.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Меѓународен тим нуркачи ја истражи пештерата до 338 метри и ја подигна Матка од трето на прво место на светската...
Со измените на Законот за животна средина се избришани одредбите за контаминираните подрачја, а новиот закон за почвите, иако изработен,...
Градоначалникот на Чаир го пофали наследството на Старата скопска чаршија и ги прегледа зафатите од мастер-планот со турскиот урбанист Бајрам...
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски порача дека солидарноста треба да биде секојдневна обврска. Тешкиот дел од таа обврска веќе го носат волонтерите...
Сотир Пановски, првиот професор на факултетот, менторирал над 250 дипломски работи. Факултетот, постар од самиот универзитет, бележи раст на запишани...
Градоначалникот Дејан Проданоски го најави зафатот со видео на социјалните мрежи. Цената, изведувачот и рокот не беа дел од објавата.
Целосно нов коловоз, потпорни ѕидови и тротоари на дел од улицата, а паралелно и асфалт на „Јаким Стојковски“. Колку метри...
Золадекс пак го нема, Phesgo задоцни, а пациентки со рак на дојка заминаа дома без терапија. Клиниката упатува на дистрибуцијата,...
Договорот од 10 милиони евра имал рок од 36 месеци, подолг од ветувањето на градоначалникот. Скопје е без забавен парк...
Октомвриските пресметки се понеповолни од септемвриските, особено за јужна Европа и Балканот. Тоа не значи зима без снег, туку зима...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.