Случајот Михаилова оди во НАТО: Мицкоски ја обвинува Софија, а МВР сè уште не објаснило како таа ја премина границата
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
16.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
15.10.2026
13.10.2026
12.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија повторно недостига лекот Золадекс и дел од пациентите си заминале без да ја добијат терапијата. Директорот на Клиниката објаснува дека дистрибутерот го испорачува лекот во мали количини и очекува тој да биде достапен од понеделник.
Паралелно се случи и второ одложување. Пациентки кои требало да ја примат терапијата Phesgo, што се користи кај одредени форми на HER2-позитивен карцином на дојка, биле вратени поради ненавремена испорака на лекот. Клиниката излезе со јавно извинување. „Сакаме да појасниме дека одложувањето е резултат на проблеми во дистрибуцијата и испораката на лекот, кои се надвор од директната контрола на Клиниката“, се вели во соопштението.
Во соопштението за Phesgo не се наведува колку пациентки се засегнати, ниту кога ќе пристигне лекот и кога ќе продолжи редовната терапија. Тоа не е ситница. Кај онколошките пациенти редовноста не е административно прашање, туку дел од самото лекување, што го признава и Клиниката кога пишува дека е свесна „колку е важна навремената и континуирана терапија“.
„Надвор од директната контрола“ е формулација што звучи разумно сè додека не се запрашаш чија контрола тогаш е. Набавката и дистрибуцијата на лекови не се временска непогода. Некој ги потпишал договорите, некој ги следи испораките и некој треба да знае дека лекот нема да стигне пред пациентката да дојде на терапија.
Недостигот доаѓа во момент кога Министерството за здравство соопштува дека онколошката грижа првпат е ставена на маса на највисоко ниво, на состанок во Владата одржан на иницијатива на „Хема-онко“. Министерот вели дека има подобрување во обезбедувањето терапија, но признава слабости во другите сегменти, како радиотерапијата, чија застапеност, според него, е околу трипати пониска од европскиот просек.
Децентрализацијата на онколошката терапија ја најавуваат повеќе министри со години, а точен датум сè уште нема. Дотогаш, објаснувањето што го добиваат пациентките останува едно: проблемот е во дистрибуцијата. Колку пати треба да се повтори тоа објаснување за некој конечно да одговара за него?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Договорот од 10 милиони евра имал рок од 36 месеци, подолг од ветувањето на градоначалникот. Скопје е без забавен парк...
Октомвриските пресметки се понеповолни од септемвриските, особено за јужна Европа и Балканот. Тоа не значи зима без снег, туку зима...
Децата во Ченто со децении учеле во бараки, во услови што премиерот ги нарекува субстандардни. Новата зграда е отворена со...
Реконструирани локални патишта, нови паркинзи и 650.000 денари помалку за надворешен адвокат. Најголемата бројка во отчетот, пак, сè уште е...
Градоначалникот вели дека работите одат пред рокот и дека над 100.000 граѓани ќе добијат модерен булевар. Проверката доаѓа во јануари,...
Табли на камен и апел да не се пие. Но што е со водоводот во Смрдлива Вода - тоа соопштението...
Градоначалникот Јовановски се фали со заштеди. Но ако ученичкиот превоз одеднаш чини половина, некој треба да објасни зошто порано чинел...
Меѓу четири и десет илјади слепи и слабовидни - толку прецизно ги брои државата. На Денот на белиот стап, во...
Во декември - „еден од најдобрите во регионот“. Во мај - договор од 10 милиони евра. До август - раскинат,...
Патник не е автомобил, а 150 електрични автобуси не се 250 колку што бараше Скопје. Министерот ги нарекува „манипулација“ забелешките...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.