Случајот Михаилова оди во НАТО: Мицкоски ја обвинува Софија, а МВР сè уште не објаснило како таа ја премина границата
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
16.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
15.10.2026
13.10.2026
12.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Најновите октомвриски пресметки од шест сезонски модели сугерираат дека претстојната зима би можела да донесе снег под просекот низ речиси цела западна, централна и јужна Европа. Најголеми дефицити се очекуваат долж западниот брег на Скандинавија, на северот на Обединетото Кралство и на западниот Балкан. Повеќе снег од просекот се предвидува само на крајниот североисток на континентот и во мали делови од северните планински региони.
Октомвриската слика е понеповолна од септемвриската. Споредбата на моделите на ECMWF и британскиот UKMO покажува дека сите седум главни европски региони сега имаат сигнал за вкупно количество снег под просекот, а најголемото влошување во однос на претходниот месец е токму во групата што ги опфаќа јужна Европа и Балканот.
Моделите кажуваат и кога. Декември изгледа како бавен почеток на сезоната, а најсилниот снежен сигнал се поместува кон втората половина од зимата. Февруари се издвојува во делови од источна и централна Европа, додека во март поповолниот сигнал оди уште посеверно. За западна, централна и јужна Европа засега нема месец со широко распространет снег над просекот.
Ел Нињо не ја пишува зимата сам
Голем дел од сигналот е поврзан со силниот Ел Нињо во тропскиот Пацифик. Според американскиот Climate Prediction Center на NOAA, феноменот продолжува да зајакнува, а силен до многу силен настан е веројатен и во периодот јануари – март 2027. Влијанието врз Европа, сепак, не е директно: во игра се и Северниот Атлантик, млазната струја, медитеранските циклони и поларниот вртлог.
Токму поларниот вртлог е џокерот. Ако подоцна во зимата дојде до негово нарушување, арктичкиот воздух полесно се спушта кон средните географски широчини и носи студени бранови што сезонскиот просек не ги покажува однапред. Науката тука нема еднозначен одговор: зимата 2006/2007 исто така била под влијание на Ел Нињо, а била невообичаено топла.
Метеорологот Славчо Попоски, кој официјалната сезонска анализа за Македонија ја најавува за декември, вели дека анализите засега се контрадикторни. Според него, Ел Нињо нема голем интензитет и големо влијание во Македонија, а претстојната зима, иако поблага, не значи дека нема да има периоди со многу ладно до екстремно ладно време и обилен снег, особено кога ладниот воздух ќе стигне до Средоземјето и ќе формира снежни циклони.
Превод за Маврово, за зимските служби и за секој што веќе нарачува дрва: сезонската карта не може да каже дали на одреден датум ќе врне во Скопје. Може да каже само дека моделите се помалку оптимистички отколку пред еден месец. Прашањето е дали оние што треба да ги чистат патиштата ќе ја прочитаат прогнозата како изговор за помала подготвеност или како предупредување дека и еден силен циклон е доволен за хаос?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Золадекс пак го нема, Phesgo задоцни, а пациентки со рак на дојка заминаа дома без терапија. Клиниката упатува на дистрибуцијата,...
Договорот од 10 милиони евра имал рок од 36 месеци, подолг од ветувањето на градоначалникот. Скопје е без забавен парк...
Децата во Ченто со децении учеле во бараки, во услови што премиерот ги нарекува субстандардни. Новата зграда е отворена со...
Реконструирани локални патишта, нови паркинзи и 650.000 денари помалку за надворешен адвокат. Најголемата бројка во отчетот, пак, сè уште е...
Градоначалникот вели дека работите одат пред рокот и дека над 100.000 граѓани ќе добијат модерен булевар. Проверката доаѓа во јануари,...
Табли на камен и апел да не се пие. Но што е со водоводот во Смрдлива Вода - тоа соопштението...
Градоначалникот Јовановски се фали со заштеди. Но ако ученичкиот превоз одеднаш чини половина, некој треба да објасни зошто порано чинел...
Меѓу четири и десет илјади слепи и слабовидни - толку прецизно ги брои државата. На Денот на белиот стап, во...
Во декември - „еден од најдобрите во регионот“. Во мај - договор од 10 милиони евра. До август - раскинат,...
Патник не е автомобил, а 150 електрични автобуси не се 250 колку што бараше Скопје. Министерот ги нарекува „манипулација“ забелешките...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.