Очила и рачен часовник за дојава: девет обвинети за даночните контроли во „Пулс“
28.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
27.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
27.10.2026
26.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
27.10.2026
28.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Министерството задолжено да ја дигитализира државата не може со документи да докаже кои згради ги поседува. Тоа не е заклучок на опозицијата, туку на Државниот завод за ревизија, во конечниот извештај за основниот буџет на Министерството за дигитална трансформација за 2024 година.
Најупадливиот наод: 16 деловни објекти заведени со вредност од по еден денар, без комплетна документација. Во материјалната евиденција, пак, стои ставка „Објекти“ од 140,05 милиони денари, околу 2,28 милиони евра. Тоа се 92,29 отсто од вкупната вредност на градежните објекти на министерството, а ревизорите не добиле ниту еден документ од кој би се видело на кои згради се однесува сумата.
Ревизорите затоа не изразиле мислење за финансиските извештаи, бидејќи не можеле да прибават доволно докази дека бројките се веродостојни. За законитоста на работењето дале мислење со резерва.
Празни канцеларии, неосигурен имот
Списокот продолжува. За стоки и услуги биле исплатени околу 44.400 евра без спроведена постапка за јавна набавка. Обврските кон домашните добавувачи на крајот на годината изнесувале околу 235.400 евра. Имотот и опремата не биле осигурени од пожар, поплави и кражби, па секоја штета би паднала врз буџетот. Набавката на осигурување е планирана дури за 2026 година.
Кадровската слика е уште поилустративна. Непополнети се 43 отсто од систематизираните работни места, четири од десет сектори немаат раководител, а во шест одделенија нема ниту еден вработен. Одделението за внатрешна ревизија имало само еден човек, советник на обука, и во целата 2024 година не била направена ниту една внатрешна ревизија. Кој тогаш го контролира министерството што треба да ја модернизира целата администрација?
Дел од проблемите потекнуваат од поделбата на поранешното Министерство за информатичко општество и администрација на две нови институции. По поделбата не бил направен целосен попис ниту делбен биланс за просториите, опремата и архивата. Деловен простор од 908,48 квадратни метри на улицата „Филип Втори Македонски“ во Скопје, доделен во август 2024 година, има имотен лист, но не е проценет ниту внесен во книгите.
Одговорот: „наследено“
Од министерството велат дека најголемиот дел од проблемите се наследени од поранешното министерство и се натрупувале со години, некои и повеќе од една деценија. Целосен попис на имотот, според нив, не бил направен во последните десет години, а објектите од еден денар се „пример за наследена и неуредна евиденција“, не нивна реална пазарна вредност. Недостигот на кадар го објаснуваат со разликата меѓу платите во државниот и во приватниот ИТ сектор.
Можеби е така. Но ревизијата е за 2024 година, кога новото министерство веќе постоеше. Ако една институција не знае што има во сопствените книги, со каква доверба ќе ги дигитализира туѓите?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Во Македонија биле набљудувани 72 предмети за организиран криминал и корупција, најмногу во регионот. Резултатите се очекуваат пред да се...
Министерот Андоновски најави нова платформа, а самиот признава дека услугите што работеа до 2017-2018 година згаснаа. Кој систем ќе остане...
Обврските на шест јавни претпријатија се намалени за околу 2,6 милијарди денари, вели градоначалникот. Вистинскиот отчет ќе биде 1 јануари,...
Потоплата зима во прогнозите не значи поевтин огрев. А колку граѓани навистина добиле субвенција, јавно не е објавено.
Фонтаната е во пробна работа по повеќегодишна пауза. Кога ќе работи редовно и кој ќе ја чува од камионите, не...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено. Зимата пристигна пред ноември, барем на превоите.
Пумпите се дел од проект чиј донатор е УНОПС. Колку чинеле и колку ќе заштеди училиштето, не е кажано.
Реконструкцијата е во завршна фаза. Се подобруваат и вентилацијата и противпожарната заштита.
Шеснаесет државни објекти заведени со вредност од само еден денар, имот вреден 140 милиони денари без соодветна документација, набавки од...
Во Куманово 487 наспроти 35 за Вучиќ, во Србија победија студентите. Во две објави на Фејсбук вицепремиерот стигна и да...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.