Skip to content

БУГАРИЈА ОД МИЛАНО ДО ТОКИО ИЛИ СРАМ ЗА ЕВРОПА

1 мин. читање
Сподели
БУГАРИЈА ОД МИЛАНО ДО ТОКИО ИЛИ СРАМ ЗА ЕВРОПА

Дали Софија ја користи европската позиција за да ги претвори билатералните спорови во европски услови, истовремено претставувајќи се како жртва на непочитување на малцинските права?

Европската Унија мора да одговори: дали членството дава право на една држава да поставува услови што самата не ги исполнува?

Европа треба да биде заедница на рамноправни држави, а не инструмент за политички притисок врз оние што сè уште чекаат пред нејзините врати!

Бугарија ќе бара уставни измени и од секоја следна земја кандидат, од Милано до Токио.

Бугарија влезе во Европската Унија на 1 јануари 2007 година, по Грција, Словенија и Унгарија. Во времето кога овие држави пристапуваа кон ЕУ, Софија не можеше како членка да го условува нивното членство со барања за бугарските малцинства.

Но по пристапувањето во ЕУ, Бугарија сè поактивно го отвора прашањето за бугарските заедници во други држави.

Хрватска ги внесе Бугарите во својот Устав во 2010 година, пред да стане членка на ЕУ во 2013 година.

Албанија во 2017 година го призна бугарското национално малцинство по дипломатски барања од Софија.

Косово се соочи со директни бугарски барања за признавање на бугарската заедница. Во декември 2023 година бугарскиот претседател Румен Радев го отвори прашањето и за нејзино место во уставниот и законскиот систем на Косово.

Србија со години добива барања од Бугарија за подобра заштита на правата на бугарското малцинство.

Молдавија е предмет на бугарски дипломатски активности за зачувување на правата на бугарската заедница и статусот на

регионот Тараклија.

Украина .Во јуни 2026 година се појавија и медиумски информации дека Софија размислува да ја поврзе поддршката за украинските пристапни преговори со дополнителни гаранции за бугарското малцинство.

Македонија, за разлика од овие примери, е соочена со конкретен услов: внесување на Бугарите во Уставот за да продолжи кон следната фаза од пристапните преговори со ЕУ.

Бугарскиот Устав не ги наведува поименично националните малцинства. Истовремено, прашањето за правата на лицата што се самоидентификуваат како Македонци во Бугарија со години е предмет на забелешки од европски институции.

Доколку Софија смета дека поименичното уставно впишување е неопходна гаранција за Бугарите во Македонија, зошто истиот принцип не го применува во сопствениот Устав?

Европската Унија треба јасно да објасни каде е границата меѓу заштитата на малцинските права и користењето на пристапниот процес за решавање билатерални спорови.