Двојна наплата за операции на очи, до 4.000 оштетени пациенти: прекршоците се знаеле, казните не стигнувале
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Судот во Лос Анџелес пресуди: тринаесетгодишниот Масео ќе живее главно со татко си, францускиот актер Оливие Мартинез. Судијката Шели Кауфман од Вишиот суд на Лос Анџелес во четвртокот, 29 октомври, му го додели примарното физичко старателство, а на Хали Бери ѝ забрани детето да преноќува кај неа и ѝ нареди заедно со синот да оди на терапија.
Двајцата беа во брак од 2013 до 2016 година, а и двајцата сега имаат по 60. Разводот одамна заврши, војната – не. Овој круг почна кога Мартинез тврдеше дека Бери го давела синот за време на караница дома на 26 септември и дека изговарала расистички коментари. Таа најостро ги негира обвинувањата.
Во центарот на процесот не беа двајцата холивудски актери, туку детето. Масео сведочеше четири часа, доверливо, во присуство на претставник од училиштето. Бери се спротивстави на тоа: во поднесокот го опиша синот како „изманипулиран и индоктриниран“ и тврдеше дека тој не треба да сведочи. Според неа, единствениот возрасен очевидец на инцидентот бил нејзиниот партнер Ван Хант.
Во спорот се вклучи и Нала Обри, ќерката на Бери од поранешниот партнер Габриел Обри. Во поднесок во нејзино име се наведува дека речиси целиот живот на Масео живеела со него и со мајка им, дека Мартинез ги отфрлил тие сведоци и дека на сведочењето на момчето му се дало поголема тежина. Таму стои и дека Масео, кој е невродивергентен, двете недели пред тоа ги поминал главно со татко си, кој со него разговарал за обвинувањата и за сведочењето.
Мартинез, според неговите адвокати, е „многу среќен“, а детето е безбедно кај него. За магазинот Extra изјави дека се надева Масео и мајка му да изградат подобар однос: не сака синот да ја мрази мајка си и сака еден ден да се помират. Адвокатот на Бери порача дека таа и натаму е фокусирана на доброто на семејството.
Холивуд сака ваквите случаи да ги прикажува како судир на две ѕвезди. Но кога тринаесетгодишно дете четири часа седи пред судијка додека се одлучува кај кого ќе спие, кој точно победил? И дали некој прашал што ќе остане од тоа момче кога камерите ќе си заминат?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Земја помала од Македонија, крал чиј збор е закон и двор што молчи. Според месни медиуми, Мсвати III веќе го...
Дневен хороскоп - 30.10.2026
Шефот на бразилската царска куќа уште во јули рече „не“. Наследникот сепак ја закажа свадбата за 28 ноември - и...
Дневен хороскоп - 29.10.2026
Сафирите што ги носеше на свадбата на Викторија, брошот од сопствената свадба и бисерите од крштевањето: седум лотови од накитот...
Дневен хороскоп - 28.10.2026
Дневен хороскоп - 27.10.2026
Апсолутен слух, полн стадион и презиме што отвора секоја врата. Ќерката на Бијонсе и Џеј-Зи го доби и татковиот дел...
Дневен хороскоп - 26.10.2026
Наградата во Љанес ја додели без да трепне, а неколку часа подоцна легна на операциска маса во Овиедо. Агендата за...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.