Skip to content

Полицијата сигнализирала да застане – тој побегнал: Во возилото пронајдени 10 мигранти од Египет

1 мин. читање
Сподели

Гранични полицајци и сообраќајни инспектори на патот Гевгелија – Демир Капија го запреле 24-годишен возач од скопското село Студеничани, осомничен за шверц на мигранти. Кога полицијата му сигнализирала да застане во близина на Неготино, возачот не застанал, по што бил принудно запрен.

При претресот на возилото, полицијата пронашла 10 мигранти од Египет во возилото. Мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг” во Гевгелија за понатамошна обработка.

Против 24-годишниот возач е поднесена кривична пријава за шверц на мигранти. Судијата на претходна постапка му одредил притвор во траење од 30 дена.