Skip to content

Француски војник загина во Ирак во напад со дрон – Макрон: Ова е неприфатливо

1 мин. читање
Сподели

Еден француски војник загина, а уште шестмина беа ранети во напад со дрон врз воена база во регионот Ербил во Северен Ирак, каде французите спроведуваат антитерористички операции против Исламска Држава. Французскиот претседател Емануел Макрон остро го осуди нападот.

“Овој напад врз нашите сили, кои се борат против Даеш од 2015 година, е неприфатлив. Војната во Иран не може да ги оправда вакви напади” – напиша Макрон на платформата X. Тој нагласи дека присуството на Франција во Ирак е исклучиво во рамките на борбата против тероризмот.

Напаѓачите употребиле два дрона врз базата во близина на Махмур, приближно 40 километри југозападно од Ербил. Ранетите беа евакуирани во медицински установи. Ербилскиот гувернер ги нарече напаѓачите “терористички милиции во Ирак”, критикувајќи ја иракската влада за непреземање сериозни мерки.

Иран и проирански милиции во Ирак постојано ги напаѓаат базите на Глобалната коалиција предводена од САД откако почна американско-израелскиот конфликт со Иран. Франција има стотици војници во регионот на Ербил во рамките на меѓународната коалиција.