Skip to content

Апокалипса на Балканот: Снежно невреме и ветер од 120 км/ч ги парализираа Хрватска, БиХ и Црна Гора

0 мин. читање
Сподели

Моќен циклон придружен со студено време донесе апокалиптични сцени низ Балканот. Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора се парализирани од снежно невреме и силни ветрови.

Во Загреб, ветер со брзина од 120 километри на час корнеше покриви и дрвја, предизвикувајќи значителна материјална штета. Планинските области добија над 30 сантиметри свеж снег, а автопатиштата се затворени за сообраќај.

Снег падна и северно од Црна Гора, каде многу градови останаа без електрична енергија. Влажниот, тежок снег ги оптоварува дрвјата и електричната инфраструктура, создавајќи дополнителна штета.

Властите апелираат до граѓаните да избегнуваат непотребно патување, а зимска опрема е задолжителна за оние кои мораат да бидат на патиштата. Ова е втор ден по ред со највисоко ниво на тревога за Балканот.