Скопје дишеше чад од две планини: 21 пожар за еден ден, а Водно чисто
25.08.2026
25.08.2026
24.08.2026
23.08.2026
25.08.2026
25.08.2026
24.08.2026
25.08.2026
25.08.2026
25.08.2026
25.08.2026
24.08.2026
23.08.2026
25.08.2026
25.08.2026
25.08.2026
25.08.2026
25.08.2026
25.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Бараш уште настани? Целиот календар на концерти и настани во Македонија и регионот е на едно место.
Ајрон Мејден, една од најголемите хевиметал групи во историјата на жанрот, се враќа во Бугарија на 26 мај 2026 година со концерт на стадионот Васил Левски во Софија. Настанот е дел од светската турнеја Run For Your Lives со која бендот го обележува 50-годишниот јубилеј од своето формирање во 1975 година. Тоа е најамбициозниот тур во кариерата на групата и преку 200 концерти низ две години низ целиот свет.
Бендот од источен Лондон е претставник на она што се нарекува New Wave of British Heavy Metal и едно од најпрепознатливите имиња на жанрот. Со 17 студиски албуми и проценети 100 милиони продадени плочи, песните Run to the Hills, The Number of the Beast, Fear of the Dark и Hallowed Be Thy Name се стандардни референци за секој фан на хевиметалот. На чело на бендот сè уште се оригиналните членови – басистот и автор на песните Стив Харис, гитаристите Дејв Мареј и Адриан Смит, заедно со пејачот Брус Дикинсон и долгогодишниот барабанист Нико Мек Брејн.
Setlistot на Run For Your Lives е фокусиран на најемблематичните години од раниот опус на бендот, периодот од 1980 до 1992 година. Според објавите од другите дати на турнејата, шоуто опфаќа над 16 песни во должина од приближно два часа, со целосна сценска продукција и неколку верзии на маскотата Ади. Како поддршка во Софија ќе настапи американската траш-метал легенда Антракс, што самото по себе би било вреден концерт.
Билетите се достапни преку ticketstation.bg и официјалните канали на ironmaiden.com. Стадионот Васил Левски има капацитет од над 40.000 места и веќе е виден како дестинација за големите рок настани во Софија. За македонските фанови ова е најголем хевиметал настан на дофат на возење оваа година, особено имајќи предвид дека Ајрон Мејден не доаѓа во Скопје.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Четири големи концерти во Скопје од септември до октомври, со датуми, сали и линкови до билети.
Задранецот што пееше од четвртата година настапува на манифестацијата Света Недјеља. Билет 10 евра.
Дамир Кеџо, Свен Поцрниќ, Жа Жа и Франка Бателиќ пеат Абба со цел симфониски оркестар под палката на Алан Бјелински.
Победникот на Загрепскиот фестивал се повлече од сцената и пееше под името Марко Долоре во Италија. Сега е на турнејата...
Најексперименталниот хрватски состав, активен од 1990, со шест албуми зад себе, свири со Д Бастардз и Е-Те. Ран билет 25...
Шведскиот продуцент чие радио шоу слушаат единаесет милиони луѓе неделно доаѓа во Загреб. Ран билет 25 евра.
Пејачката од Мелбурн со едно EP за Partisan Records и враќање на сцената по долга пауза. Клупски настап во организација...
Гран при на Сплитскиот фестивал, дует со Оливер Драгојевиќ и турнеја од 40 концерти. Македонска филхармонија, 20:00, билети од 1.600...
Диџејка што ја напушти корпоративната кариера за плочите, со изданија за Crosstown Rebels и Bedrock и настапи на Hï Ibiza...
Бендот што стои во средиштето на грчкиот психоделичен препород, со пет албума снимени по стариот начин. Билет 1.000 денари, 20:00...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.