„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Apple тврди дека има „шокантни докази“. Тоа е формулација што адвокатите ја користат кога сакаат судијата да прочита нешто пред да го прочита спротивната страна. Во тужбата против OpenAI, компанијата приложи материјал што, според неа, покажува дека нејзини поранешни вработени однеле деловни тајни кај конкурентот.
Материјалот дојде од едно место – стар работен лаптоп. Адвокатите на Чанг Лиу, поранешен инженер на Apple кој сега работи во OpenAI, го предадоа неговиот стар MacBook на почетокот од месецов, откако неколку недели одолговлекувале. Apple вели дека само таа машина открила доволно.
Обвинението е конкретно: Лиу користел доверлива шема на струјно коло на Apple во работата за OpenAI, плус алатка што го носи името на интерна инженерска апликација на Apple. Компанијата тврди и дека OpenAI бил „добро запознаен“ со тоа што Лиу имал пристап до податоците, и дека Лиу во јуни го замолил колегата Ју-Тинг Пенг да му помогне да брише докази – штом дознал дека го истражуваат.
„MacBook-от ги претставува многу ограничените информации што обвинетите ги дадоа досега, и покажува дека Apple не спроведува лов на вештерки, туку дека нејзините деловни тајни се користат, а доказите се уништуваат“, стои во поднесокот.
Одбраната на OpenAI е поинтересна од самото обвинение, бидејќи не го негира пристапот – го префрла товарот. Лиу пристапувал до датотеките дури откако заминал, и тоа за да им помогне на поранешни колеги што го замолиле, тврди компанијата. Па додава: „Apple сега се обидува вината да ја префрли на ‘преостанат пристап’, но не открива дека тоа е чест проблем кај Apple, предизвикан од тоа што не управуваат правилно со системските пристапи кога луѓето заминуваат.“
Со други зборови: не сме ние виновни што вратата ви била отворена. Apple возвраќа дека вратата не била отворена – дека Лиу „искористил ретка, претходно непозната грешка во автентикацијата“. Едната страна тврди немарност, другата тврди пробив. Судот ќе одлучи која, но забележете дека и двете верзии значат дека податоците излегле.
Она што ја објаснува жестината е бројката во првичниот поднесок: над 400 поранешни вработени на Apple сега работат во OpenAI. Тоа веќе не е одлив на кадар, тоа е преселба. Apple бара привремена забрана – судски налог што би му спречил на OpenAI да работи на хардвер базиран на нејзина технологија додека трае постапката – и забрзано собирање докази, бидејќи, вели, можеби има уште вмешани.
Во претходни поднесоци имаше и порака од Лиу со емоџиња што плачат од смеење, во која признава дека сè уште имал пристап до датотеките на Apple. Ако вашата компанија некогаш ви дала лаптоп и сте заминале – колку долго после тоа ви работеше пристапот? Тоа не е прашање за Силикон Вали. Тоа е прашање за секој ИТ оддел.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.