„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Прашањето изгледа едноставно: ако една компанија тргува со книгите на некој писател за да изгради машина што потоа пишува наместо него, дали тоа е кражба? Одговорот што го даваат американските судови не им се допаѓа ниту на едните, ниту на другите – и токму затоа е важен за секој што пишува, снима или создава нешто во дигитален формат.
Минатата година судијата Вилијам Алсап ѝ нареди на Anthropic да плати 1,5 милијарди долари на група писатели чии дела завршиле во тренинг-податоците на нејзините модели. На прв поглед – победа за авторите. Ако се прочита пресудата, сликата е поинаква: Алсап пресуди дека самото тренирање е законско. Она за што Anthropic плати беше начинот на кој дошла до книгите – пиратски копии од нелегални онлајн библиотеки.
Алсап тоа го образложи со споредба што сега ја цитираат сите: моделот, напиша тој, ги читал делата „како секој читател што сака да стане писател“ – не за да ги препише, туку за да создаде нешто друго. Со една реченица, тренирањето на туѓ труд доби судска легитимација, а казната остана врзана за начинот на набавка.
Милијарда и пол за фирма што проектира двесте милијарди
„Мислам дека тоа е генерално добра вест за тренирањето на вештачката интелигенција“, вели Кети Гелис, адвокатка специјализирана за интелектуална сопственост и технологија. „Авторското право се потпира на копирањето, но не се потпира на користењето на делото, на доживувањето, на читањето.“
Кога 1,5 милијарди се мерат наспроти проекциите за околу 200 милијарди долари годишен приход до 2028 година, казната престанува да биде казна и станува ставка во буџетот. Тоа не е теорија на завера – тоа е аритметика што секој финансиски директор ја прави пред да одлучи дали нешто вреди да се ризикува.
Закон од 1976 година суди за технологија од 2026-та
Американското авторско право не е менувано од 1976 година. Судиите денес мораат да толкуваат правила напишани половина век пред првиот голем јазичен модел, и тоа се гледа во резултатот – секој суд одлучува поинаку.
„Сите се многу загрижени во моментов затоа што правото е расфрлано на сите страни“, вели Џејсон Хендерсон, виш адвокат и основач на практиката за интелектуална сопственост и медиуми во JWL International. „Знаат дека моделот е трениран на огромно количество материјал, а правото навистина не стигна до тоа прашање.“
Она што сепак се црта како линија е конкуренцијата. Кога Thomson Reuters ја тужеше истражувачката фирма Ross Intelligence затоа што нејзината содржина ја користела за да изгради конкурентска правна платформа, судијата Стефанос Бибас пресуди дека тоа не е дозволена употреба – користењето „нема поинаква цел или поинаков карактер“ од оригиналот. Со други зборови: тренирај на туѓо колку сакаш, но не за директно да го убиеш пазарот на оној од кого земаш.
Писателите би можеле да тврдат токму тоа – дека чатботовите што генерираат синтетички книги им го јадат пазарот. Засега тој аргумент не поминал на суд.
А кога машината е авторот?
Втората половина од приказната е обратната: што ако делото го создала машината? Во случајот Thaler против Perlmutter судот пресуди дека дело создадено стопроцентно од вештачка интелигенција воопшто не подлежи на авторско право. Прашањето што следи е поинтересно од самата пресуда – како воопшто да се докаже колку проценти од еден текст ги напишала машината?
„Ако го напишете романот во Word и пуштите проверка на правопис, некако ни е удобно да кажеме дека Word не го поседува вашиот роман“, вели Гелис. „Ова нè тера да погледнеме цела низа одлуки што одамна ги игнориравме.“
Речиси сите големи компании за вештачка интелигенција во моментов се во тековни судски постапки по овие прашања, што значи дека дефинитивен одговор нема да има наскоро. Дотогаш важи она што Гелис го формулира најпрецизно: првите пресуди ја обликуваат целата игра, дури и ако подоцна бидат укинати. Правото не стигнало до прашањето, но одлуките веќе се носат – и нема да чекаат некој да го освежи законот од 1976 година.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.