Три од четири сензори не работеле: жичницата на Водно петнаесет години без вистински сервис
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Додека Медитеранот се брани од сопствениот успех – Хрватска брои гости по квадрат, Грција брои минути на граница – постои дел од Европа каде што во август можеш да одиш километри по бел песок и да не сретнеш никого. Естонија не е скриена. Само никој не се сетил да ја продаде.
Талин: почетна точка со средновековни ѕидини и сауни покрај морето
Патувањето почнува во главниот град, на брегот на Балтикот, опкружен со шуми и езера. Стариот дел е под заштита на УНЕСКО – ѕидини, стражарски кули, црвени покриви. На ридот Тоомпеа стои тврдина од 13 век, денес седиште на парламентот, а до неа православната катедрала „Александар Невски”.
Долниот град е лавиринт со занаетчискиот премин „Света Катарина” и најстарата аптека во Европа што сè уште работи, на плоштадот со палати во пастелни бои. Зад железничката станица е Телискиви – уличен арт, музејот Фотографиска. Во соседството Ноблеснер, сауните гледаат директно кон Балтикот.
Хапсалу: бањата поради која руската аристократија патувала на север
Деведесет минути југозападно е Хапсалу, мал крајбрежен град со шеталиште, средновековен замок претворен во музеј и напуштена железничка станица. Во 19 век пругата го поврзувала со Талин и со Санкт Петербург, па руската аристократија и гости како Чајковски овде го поминувале летото. Денес се пие кафе во дрвени згради претворени во библиотеки, а бањската традиција е сè уште жива.
Мухо, Сарема и Кихну: островите каде што времето не брза
Со траект од пристаништето Вирсту се стигнува до Мухо – смреки, стари камени ѕидови и дрвени куќи со геометриски шари на вратите. Тука е рибарското село Когува со куќи покриени со слама. Мост го поврзува со Сарема, најголемиот естонски остров.
Кихну е приказна за себе. Од 2008-та е на списокот на нематеријалното наследство на УНЕСКО, а островот го водат жени што ги чуваат старите ора, песни, везените носии и сопствениот говор. Најпознатата слика оттаму се постарите жени на мотор, во народни здолништа. Островот најлесно се обиколува со велосипед.
Пјарну и Соома: летната престолнина и петтата сезона
Пјарну важи за летна престолнина на Естонија – широки плажи со бел песок, галерии, дрвени куќи во пастелни бои. Оттаму се одат 44 километри до националниот парк Соома, каде што низ води со боја на чоколадо се плови со хабја – кану издлабено од едно стебло. Занаетот е заштитен како наследство од 2021 година, а го владеат уште само петмина мајстори.
Соома го има и она што Естонците го викаат петта сезона: кога се топи снегот, шумата се преплавува и патеките исчезнуваат под вода. Естонскиот јазик, инаку, глаголите ги менува само во сегашно и минато време – за иднината нема посебна форма, бидејќи никој не ветува дека утре ќе биде.
Практично
Најдобриот период е меѓу мај и септември, кога деновите се долги речиси до бесконечност. Аеродромот во Талин е на четири километри од стариот град. Патиштата се одлични, сообраќајот надвор од главниот град е редок, а целата рута удобно се поминува за шест до седум дена со изнајмен автомобил и понекој траект.
Вреди отскок и до Тарту – Европска престолнина на културата во 2024-та, со универзитет основан во 1632 година и дваесетина музеи – и до Виљанди со урнатините од замокот. Кујната е комбинација од стари рецепти, шумски производи и балтичка риба.
Естонија е три и нешто часа од Шпанија со авион. Од Скопје е малку подалеку и малку покомплицирано. Прашањето е дали тоа е доволна причина повторно да се вози осум часа до истата преполна плажа.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Од дваесет и пет нови впишувања, пет се природни - и само еден е во Европа. За најбогатиот од нив...
Педесет плажи, над 120 села и патека што Франција ја прогласи за своја омилена. Моне дојде на неколку дена и...
Реставрирани вагони, локомотива што ја викаат Јапонката и повратна карта од 28,95 евра. Она што го продава не е дестинација,...
Двесте и педесет видови дрвја од сите страни на светот, манастир од 1628 и палата што од далеку изгледа како...
Истите места во август чинат повеќе, изгледаат полни и се доживуваат половично. Разликата ја прави календарот, не буџетот.
Бекамови имаат имот таму, Кејт Мос и Елен Деџенерес исто. Но Котсволдс не му треба ниту едно од тие презимиња...
Долу на брегот автобусите се разминуваат со сантиметри и се гледаат само луѓе. Горе, каде Вагнер го напишал вториот чин...
Празни магацини, ниски кирии и еден промотор на недвижности. Модел што го знаеме и без да летаме до Флорида.
Стари работилници на кожари и бојаџии, изградени директно над реката. Од 10 до 13 септември градот пушта чамци и маски...
Албанската ривиера, Црна Гора, Сардинија, Лион и Алгарве. Исто време како во август, помалку луѓе и сметка што одеднаш личи...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.