„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Флорида и Тексас ѝ вртат грб на Flock – фирмата чии камери ги читаат регистарските таблички на возилата. Транспортното одделение на Флорида во понеделник испрати допис со кој престанува употребата на овие читачи по државните автопати, наведувајќи „загрижувачки извештаи за злоупотреба, проблеми со приватноста на податоците и шеми за следење“. Државата има 30 дена да ги тргне камерите.
Одлуката доаѓа неколку дена откако гувернерот на Флорида, Рон Десантис, на прес-конференција ја нарече технологијата „вон контрола“. Тексас го направи истиот потег претходната недела, наредувајќи им на државните органи да престанат да ја финансираат мрежата. Кабинетот на гувернерот Грег Абот се повика на злоупотреба на системот.
Еден случај го објаснува целото прашање. Полицаец од Лафкин, Тексас, е обвинет по сто точки за тешки кривични дела, поврзани со наводно пребарување низ базата на Flock за да следи луѓе без овластување. Не е хакер однадвор. Тоа е човек со легален пристап кој го користел како што му одговара.
И тоа не е изолиран случај. Пријавени се безбедносни пропусти, полицајци што пристапот го користеле за да ги следат поранешните партнерки, и грешки во препознавањето кои завршиле со запирање на невини возачи и погрешни апсења. Според поновите објави, камерите веќе не се задржуваат само на таблички – работи се и на препознавање и следење на луѓе.
Мрежата брои околу 130.000 читачи низ САД. Најнеобичниот дел од приказната се градовите што сакале да излезат: Еванстон во Илиноис, Кембриџ во Масачусетс и Јуџин во Орегон пријавиле дека камерите биле повторно поставени или реактивирани откако локалните власти веќе го раскинале договорот. Фирмата не одговори на прашањето дали ќе им дозволи на двете држави да ги отстранат уредите.
Отпорот доаѓа и од републиканци и од демократи, што во денешна Америка е реткост вредна за забележување. Кога две партии што не се согласуваат за ништо ќе се најдат на иста страна, обично значи дека прашањето престанало да биде идеолошко и станало практично – камерата снима сечиј автомобил, без разлика за кого гласал сопственикот.
Ако некој бара поука што патува преку океан, таа не е во бројот на камери туку во редоследот. Прво се поставува системот, потоа се дознава кој има пристап, а дури на крајот – кога веќе некој ќе биде обвинет – се поставува прашањето кој воопшто го надгледувал надзорот. Дали кај нас би прашале порано?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.