„Тоа не е моја работа“: судењето за 13-те полицајци од Пулс почна одново, а сведоците раскажуваат за одбиена помош
22.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
21.09.2026
20.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
21.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
21.09.2026
20.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
22.09.2026
21.09.2026
21.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Гостивар пие флаширана вода веќе повеќе од две недели. Некој ја набавува. Некој ја плаќа. И околу тоа „некој” се разви расправија во која секоја страна има свои бројки, а граѓанинот што стои со шише в рака нема ниту една.
Опозицискиот СДСМ тврди дека Владата склучила договор вреден околу 100.000 евра со компанијата „Кожувчанка” од Кавадарци – и дека тоа е направено со директно договарање, без јавен оглас. Во договорот, велат, пишува „постапка со преговарање без објавување оглас”. Компанијата, посочуваат, е поврзана со кавадаречкиот градоначалник.
Одговорот на Владата
Владата ги отфрли обвинувањата како, како што стои во соопштението, бесрамни лаги. Нивната верзија: точно е дека Службата за општи и заеднички работи спроведе постапка со преговарање, но исто така е факт дека шише од 1,5 литри кое во продажба чини најмалку 25 денари, Владата го набавува по 12,5 денари.
Половина цена. Тоа е аргументот. И тој е проверлив факт – или барем изгледа така додека не се праша кој ја покрива другата половина.
Одговорот дојде од самата компанија. „Кожувчанка” соопшти дека се пријавила на јавниот повик на владините служби со понуда од 12,5 денари по шише, а разликата помеѓу редовната продажна цена и понудената цена целосно ја презема на свој товар – како гест на солидарност. Гарантираат и бесплатен транспорт до Општина Гостивар.
Три верзии, едно прашање
Значи: СДСМ вели дека немало оглас. Владата вели дека имало постапка и дека договорот преку тендер го добила „Кожувчанка”. Компанијата вели дека се пријавила на јавен повик и дека дава донација од дванаесет и пол денари по шише.
Едно од овие тврдења не се совпаѓа со другите две, и не станува збор за нијанса – станува збор за тоа дали постоела конкуренција или не. „Постапка со преговарање без објавување оглас” и „јавен повик” не се исто нешто во ниту еден закон за јавни набавки.
Никој од трите страни не ја понуди единствената работа што би ја затворила расправијата: самиот документ. Договорот со заведен број, со датум, со наведен тип на постапка. Тој постои. Тој е јавна набавка со јавни пари. И додека не биде објавен, ова останува тројно натпреварување во соопштенија.
Компанијата вели дека солидарноста е поважна од профитот. Можеби е точно. Но солидарноста не се докажува со изјава – се докажува со фактура. А фактурата, за разлика од изјавата, никој не ја нуди на увид.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Андоновски признава дека немало ни проект, ни студија, ни податок колку мегавати ќе троши објектот. Националниот дата-центар пак се најавува...
На снимката нема сала, нема маса, нема знамиња. Во истата недела Стејт департментот пренасочи 52 милиони долари воена помош од...
Правото на став е неспорно. Проблемот е што кај некои функции линијата меѓу личното и институционалното не ја повлекува носителот,...
Америка нè гледа како близок пријател, вели премиерот. Портфолио од 200 милијарди, шест компании за дата-центри, Чебрен и Галиште. Проверено...
Осум дена покана за заедничко тестирање, па „Пријави ги дилерите“, па кривична пријава за фотографии и реченицата „Си пробал? Те...
Премиерот од Вашингтон бара трето лице на масата за да не биде спорот билатерален. Брисел одговара дека условот останува ист...
Мицкоски од Вашингтон го поставува синџирот: гасовод, струја, дата-центри, вештачка интелигенција. Редоследот на најавите оди обратно од редоследот на градењето.
Марта Кос ги наброја земјите што добиваат временска рамка. Нас нè нема. Останува условот што го знаеме напамет, и очекување...
Мониторинг на „Сите за правично судење“: рочишта двапати годишно, постапки до 33 месеци, и млади правници што не доаѓаат. „Нема...
Од 340 милиони денари, само 40 се приватни - остатокот е од „Државна лотарија“. Обвинителството уште анализира, а отворениот предмет...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.