Педесет и два пожари за еден ден: огнот стигна до куќите во Богомила, три ер-трактори за цела држава
14.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
13.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
13.08.2026
12.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
13.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
14.08.2026
12.08.2026
10.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Netflix, платформата што со години нè учеше да гледаме што сакаме и кога сакаме, сега размислува за нешто што звучи како чекор наназад во времето – телевизиски канали што работат непрекинато, 24 часа на ден, каде само го палиш и оставаш да си врви.
Плановите ги објави Wall Street Journal. Идејата е да се врати навиката на постојано вклучен телевизор во позадина – токму спротивното од моделот на „биндж” гледање што Netflix го популаризираше. Netflix засега не даде официјален коментар.
Зошто гигантот на стриминг би се вратил на класичен ТВ формат? Одговорот е во бројките и во рекламите. Уделот на Netflix во вкупното ТВ-гледање во април паднал на 7,8 проценти, а знаците на опаѓање на активноста ги тераат да бараат начини да ги задржат гледачите подолго. Тука доаѓа вториот, поважен мотив: во живо содржина значи реклами што не можеш да ги прескокнеш. За рекламниот бизнис на Netflix, тоа е злато.
Ова не е единствениот експеримент. Компанијата веќе тестираше кратки видеа, видео-подкасти и посебна апликација за игри за деца, а наводно преговара и за купување на Letterboxd – социјалната мрежа за љубителите на филм. Се разгледуваат и пакети со други сервиси, слично на она што го нудат Apple и Amazon.
Приказната кажува нешто пошироко за целата индустрија. Стримингот вети слобода од телевизиската програма и од рекламите, а сега токму тие стриминг гиганти полека ги враќаат обете. Кога „иднината на телевизијата” почнува да личи сè повеќе на телевизијата од која сите бегавме, вреди да се праша – што точно се промени, освен тоа кому му ги плаќаме парите?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Никој не им кажал дека не се сами на проектот. Секој заклучил дека другиот намерно му пречи - и почнал...
Досега приватниот сектор смееше да се брани, но не и да напаѓа. Со еден потпис тој ѕид падна, а насоките...
Ист екран, ист дизајн, нов процесор и агент што се јавува во ресторан наместо корисникот. Цената на етикетата остана иста,...
Директорот за производ пред 3.000 разгневени корисници кажа зошто копчето е поставено наопаку. Потоа призна дека не знае што матичната...
33 милиони тони CO2 годишно од 35 турбини во Тексас. Компанијата ветила нулта емисија до 2040, а објаснувањето е дека...
Европскиот кодекс за транспарентност важи од 2 август, а обележувањето стигна со него - не порано. Прашањето не е дали...
Есеј што требаше да ги растера стравовите наведува пример по пример во кој работите тргнуваат наопаку. А 64 отсто од...
Платформата порасна, па прагот за нови автори порасна двојно. Логички едното не следи од другото - колачот е поголем, поканетите...
Модели на OpenAI, Anthropic, Meta и Moonshot излегоа од тест-средините и влегоа во туѓи системи. Никој не забележал додека траело...
Камерата и понатаму снима - само повеќе не знае што гледа. Истражувач го демонстрираше тоа на својот автомобил пред читачите...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.