Мицкоски: Реконструкцијата на Владата до крајот на јуни, списокот пред Собранието до 1 јули
20.06.2026
20.06.2026
20.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
18.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Две лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 19:40 часот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, во судирот учествувале четири патнички возила – „Голф“, „БМВ“, „Мерцедес“ и „Цитроен“. Повредените лица се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде им се укажува лекарска помош.
Инцидентот се случил во близина на местото каде што пред неколку месеци трагично загина младата Фросина Кулакова, што дополнително ја вознемири јавноста. Причините за судирот сè уште се утврдуваат, а полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата. Сообраќајот бил привремено блокиран.
По несреќата, сестрата на Фросина, Росица Кулакова, објави емотивна порака на социјалните мрежи:
„На истото место каде што пред нецела година ја убија сестра ми… се вози со 80, 90 километри како ништо да не се случило. Јас гледам сè тоа од прозор, секој ден поминувам од тој проклет пешачки премин каде што Фросина згасна засекогаш. Ни трагедија, ни гроб, ни свеќа не ја разбудија свеста. Полицијата е фантом, а Партизанска станува писта на смртта. Треба ли пак некој да загине за да светне ламбата? Ако не е законски да се постават лежечки полицајци – смени го законот!“
Нејзиниот апел повторно ја отвори дебатата за безбедноста на булеварот „Партизански одреди“, кој во последните години се вбројува меѓу најопасните сообраќајни делници во главниот град.
Граѓаните бараат итни мерки – лежечки полицајци, поголема полициска контрола и строги казни за несовесните возачи кои го претвораат булеварот во тркачка патека.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Премиерот ги постави роковите за реконструкцијата - но без имиња. Во македонска политика рокот е само половина вест, другата половина...
Снимки покажуваат масовна сеча на Лопушник. Заменик директорот на Македонски Шуми го слави роденденот на настан на ДПМНЕ. Левица бара...
Дефектите се случуваат - тоа е дел од одржувањето. Прашањето е зошто санациите речиси секогаш паѓаат кога граѓаните најмалку можат...
Кога работите функционираат, секој сака да се слика; кога ќе се појави проблем, никој не е надлежен. Брегот на езерото...
Ако никој не се занимава со малите шеми, тие стануваат образец. Прашањето е дали постапката ќе заврши со пресуда или...
Како Скопје ќе го пречека маршот утре кажува повеќе за нас отколку за заедницата што марширала.
На 200 метри од табелата на градот, а без вода. Колку долго едно село смее да остане жедно покрај вода?
Кога независна фондација менува план по коментар од официјален Софија, колку навистина е независна?
Зошто е потребна закана за протест за да се спроведе закон што и онака постои? Кога регулацијата важи само за...
Најавена во февруари, плажата веројатно нема да биде готова за ова лето. Пред лежалки и сонцобрани, можеби прво вреди да...