Мицкоски: Реконструкцијата на Владата до крајот на јуни, списокот пред Собранието до 1 јули
20.06.2026
20.06.2026
20.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
18.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Основното јавно обвинителство Скопје ја проширува истрагата за проблемот со несобирањето на отпадот во главниот град, откако Скопје повторно се најде затрупано во смет. Од Обвинителството за „Скопје1“ потврдија дека проверките нема да бидат ограничени само на ЈП „Комунална хигиена“, туку можат да опфатат и други институции со надлежност во оваа област.
„Наредбите за проверки се однесуваат на сите институции што имаат надлежност. Во прв момент тоа е ЈП Комунална хигиена, меѓутоа не е исклучено да бидат опфатени и други органи“, велат од Обвинителството. Ова значи дека под лупа може да се најде и Град Скопје, со кој раководи градоначалничката Данела Арсовска, како основач на претпријатието.
Јавниот обвинител веќе издал наредби до МВР и други надлежни органи за итно постапување и проверки, а побарани се и вонредни инспекциски надзори од комуналните инспекциски служби за да се утврди моменталната состојба со собирањето и транспортирањето на отпадот.
Со ова, случајот влегува во поширока фаза на истрага, во која ќе се испитува дали постојат пропусти во работењето на ЈП „Комунална хигиена“, како и евентуална одговорност кај Град Скопје. Дополнително, ќе се утврдува дали има основи за кривична одговорност поврзана со управувањето со отпадот во главниот град.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Премиерот ги постави роковите за реконструкцијата - но без имиња. Во македонска политика рокот е само половина вест, другата половина...
Снимки покажуваат масовна сеча на Лопушник. Заменик директорот на Македонски Шуми го слави роденденот на настан на ДПМНЕ. Левица бара...
Дефектите се случуваат - тоа е дел од одржувањето. Прашањето е зошто санациите речиси секогаш паѓаат кога граѓаните најмалку можат...
Кога работите функционираат, секој сака да се слика; кога ќе се појави проблем, никој не е надлежен. Брегот на езерото...
Ако никој не се занимава со малите шеми, тие стануваат образец. Прашањето е дали постапката ќе заврши со пресуда или...
Како Скопје ќе го пречека маршот утре кажува повеќе за нас отколку за заедницата што марширала.
На 200 метри од табелата на градот, а без вода. Колку долго едно село смее да остане жедно покрај вода?
Кога независна фондација менува план по коментар од официјален Софија, колку навистина е независна?
Зошто е потребна закана за протест за да се спроведе закон што и онака постои? Кога регулацијата важи само за...
Најавена во февруари, плажата веројатно нема да биде готова за ова лето. Пред лежалки и сонцобрани, можеби прво вреди да...