Три од четири сензори не работеле: жичницата на Водно петнаесет години без вистински сервис
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Порто не бара многу време за да те освои – доволен е еден ден ако знаеш каде да тргнеш. Портокалови покриви, реката Дуеро и старите бродови што некогаш носеле буриња вино: вториот град на Португалија е една од оние дестинации што ти остануваат в глава подолго отколку што престојуваш во нив.
Приказната на градот е приказна на вино. Во Вила Нова де Гаја, на другиот брег на реката, се редат историските визби каде порто-виното со децении зрее во дабови буриња. Визбата Cálem, на пример, нуди интерактивен музеј и дегустации што почнуваат од околу 22 евра. Не мора да сакаш вино за да ти биде интересно – доволно е да сакаш да разбереш зошто еден град гради цел идентитет околу едно пијалок.
За ручек, терасите над Дуеро нудат поглед и вкус во исто време – бакаљар (треска) во сите можни форми, октопод, ориз со морски плодови. Португалија живее со треската како ние со гравот: секое семејство има свој начин. По ручекот, жичарницата Телеферико де Гаја те носи 600 метри над реката за најпрепознатливиот поглед на градот.
Попладнето е за пешачење. Железничката станица Сао Бенто со ѕидови обложени со сини плочки (азулежос) што раскажуваат португалска историја, катедралата, кулата Клеригос и, се разбира, книжарницата Livraria Lello – една од најубавите книжарници во Европа, со спектакуларно централно скалило. Легендата дека Џ. К. Роулинг тука ја замислила Хогвортс таа самата ја демантира, но книжарницата и денес полни редици туристи.
Вечерта припаѓа на реката. Крстарењето по „Патот на шесте мостови“ трае околу еден час и чини околу 20 евра, а Порто од вода изгледа како сосема друг град. За крај – вечера покрај брегот во Кајш да Рибеира, со алеира колбас, печен октопод и сардини на португалски начин.
Еден совет што се повторува насекаде: понеси удобни обувки. Порто е град на ридови и калдрма, и се пешачи многу. Но токму тоа е поентата – ова е место што најдобро се доживува бавно, чекор по чекор, со чаша вино на крајот од денот.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Од дваесет и пет нови впишувања, пет се природни - и само еден е во Европа. За најбогатиот од нив...
Педесет плажи, над 120 села и патека што Франција ја прогласи за своја омилена. Моне дојде на неколку дена и...
Реставрирани вагони, локомотива што ја викаат Јапонката и повратна карта од 28,95 евра. Она што го продава не е дестинација,...
Двесте и педесет видови дрвја од сите страни на светот, манастир од 1628 и палата што од далеку изгледа како...
Истите места во август чинат повеќе, изгледаат полни и се доживуваат половично. Разликата ја прави календарот, не буџетот.
Бекамови имаат имот таму, Кејт Мос и Елен Деџенерес исто. Но Котсволдс не му треба ниту едно од тие презимиња...
Долу на брегот автобусите се разминуваат со сантиметри и се гледаат само луѓе. Горе, каде Вагнер го напишал вториот чин...
Празни магацини, ниски кирии и еден промотор на недвижности. Модел што го знаеме и без да летаме до Флорида.
Стари работилници на кожари и бојаџии, изградени директно над реката. Од 10 до 13 септември градот пушта чамци и маски...
Албанската ривиера, Црна Гора, Сардинија, Лион и Алгарве. Исто време како во август, помалку луѓе и сметка што одеднаш личи...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.