Skip to content

Се будиш во 3 наутро без причина: Тоа не е несоница – тоа е кортизол

1 мин. читање
Сподели

Будиш се во 3 наутро. Нема причина. Сè е тивко. И сепак – будна. Ако ова ти се случува редовно, не си сама и, уште поважно, телото не е скршено. Стручњаците за спиење велат дека ова е еден од најчесто погрешно разбраните феномени во областа на сонот.

Специјалистите од The Sleep Project, д-р Кејтлин Часер и Поли Ревалиенте, објаснуваат: телото минува низ циклуси на спиење од по 90 минути. Во втората половина од ноќта, спиењето природно станува полесно, а нивото на кортизол – хормонот на будност – почнува да расте. Кратките моменти на будење се дел од биолошката програма, не знак дека нешто е погрешно. Во првата половина на ноќта едноставно не ги забележуваш – во втората, ги забележуваш и го активираш мозокот.

Проблемот не е будењето – проблемот е паниката по будењето. „Спиењето и будноста не можат да се случуваат истовремено”, велат стручњаците. Кога ќе се разбудиш и почнеш да броиш колку часа сон ти останале, го активираш системот за тревога кај мозокот – и тој веќе не може да се врати кон спиење. Телото е будно затоа што му кажуваш дека треба да биде будно.

Стратегиите кои навистина помагаат: бавно дишење или водена релаксација, апсолутно без гледање во телефон или часовник, а ако сонот не се враќа по 20-тина минути – стани, направи нешто тивко при минимална светлина и врати се. За хроничен инсомниум, когнитивно-бихевиоралната терапија е прв избор, не апчиња. Телото знае да спие – само треба да му дозволиш.