Пожар крај пругата во Прилеп: граѓаните гледаа црн чад над текстилен отпад, „Комуналец“ вели – мал дел, нема опасност
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
03.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
03.10.2026
02.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
03.10.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
04.10.2026
04.10.2026
03.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Едно утро беше доволно. Порака за наводна ешерихија коли во скопската вода тргна по социјалните мрежи, а до пладне маркетите се празнеа од шишиња, компании ширеа предупредувања меѓу вработените, а институциите молчеа. Кога конечно проговорија – Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје-Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство и Град Скопје – веќе беа поминати часови.
Од АХВ соопштија дека немаат добиено известување од скопското јавно претпријатие за незадоволителни лабораториски резултати, што е законска обврска и што би било основа за забрана за користење на водата. Од Министерството за здравство пораката беше уште поконкретна: нема ниту еден регистриран ниту хоспитализиран пациент чија здравствена состојба се поврзува со консумирање загадена вода. Тоа го потврдил и директорот на Клиниката за инфективни болести.
Лабораториските бројки исто така се јавни. Според извештај од тестирање изработен на 11 август, примероци од водоснабдителниот систем земени на локација кај пиварата ги исполнуваат сите пропишани стандарди. ПЦР анализите покажале нула присуство на Enterobacteriaceae и на Pseudomonas aeruginosa. Раководителката на лабораторијата рече дека годишно се изработуваат минимум 20.000 анализи, а по 36 дневно.
Чашата пред камерите
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски одржа итна прес-конференција, наполни чаша вода од чешма и ја испи пред камерите. Потоа рече дека имал информација дека од одредени центри ќе се шири паника, дека сите профили што ја ширеле дезинформацијата се сублимирани и ќе бидат доставени до МВР, и дека станува збор за напад еднаков на терористички. Вината ја префрли на опозицијата.
Испиената чаша е добра телевизија. Но, таа не одговара на прашањето зошто помеѓу првата порака утрото и првиот демант поминаа часови. Ако лабораторијата навистина прави 36 анализи дневно, извештајот од претходниот ден веќе постоел во фиока додека граѓаните купуваа вода во паника. Демантот со број на извештај, датум и резултат можеше да излезе за дваесет минути, а не попладнето.
Депонијата што никој не ја спори
Има еден детал што во целата врева премина незабележано. Ѓорѓиевски самиот призна дека приказните почнале поради депонија на околу 30 километри од изворот Рашче – и дека таа депонија е таму последниве триесет години. Денеска, рече, се чисти.
Јавното обвинителство во меѓувреме отвори предмет по службена должност за проверка на информации за загадување со отпад во заштитена зона во близина на изворите Рашче, а надлежниот обвинител ќе координира со Државниот инспекторат за животна средина.
Значи, паниката беше неоснована – тоа е утврдено и лабораториски документирано. Но депонијата не е измислена, стои таму триесет години, и се чисти дури откако илјадници луѓе ноќеска не спиеле. Ако тоа е поводот што институциите им го требало за да се симнат на терен, тогаш дезинформацијата, колку и да е штетна, направила нешто што триесет години инспекции не направиле.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Продолжување на стариот пат, вода за Гургурница, млади што да не заминуваат и општински претпријатија. Една кандидатка воопшто не одговорила...
Министерот Велковски го отвори центарот и зборуваше за општество во кое секој има еднаква можност. Капацитетот е 12 корисници месечно.
Мал фудбал, ракомет и кошарка, ограда и осветлување. Парите се од владин повик, а вистинскиот тест доаѓа по неколку зими.
Само за да се зачува куповната моќ на 140-те денари, според цените на храната би требало околу 151. Министерството наместо...
Нова врска кон Злокуќани, Бардовци и Индустриската зона, четири ленти и 40 столба осветлување. Ѓорѓиевски вината за застојот ја префрли...
По акцијата кај Бит-пазар, каде беа одземени околу 500 килограми храна, градоначалникот најавува контроли и во Кисела Вода и Центар....
Старт во 8 часот, цел на Плоштад Македонија. Од 6 до 14 часот Рекорд, „11 Октомври“, „Крушевска Република“ и делови...
Цар Самоил е нераскинлив дел од македонското историско наследство. Неговата држава имала клучни центри во Преспа и Охрид, а Охрид...
Жителите помнат дупки од 6-7 метри и удавено дете од претходното копање. Сега дозволата е повторно издадена, а инспекторите велат...
Камерите ќе бројат прекршоци, а МВР ветува и помош во борбата со криминалот. Проектната документација сè уште се изработува.
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.