Охриѓанец ја претепал девојката до онесвестување, а мајка му, поранешна претседателка на ДКСК, го пријавува нејзиниот татко
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Гази Баба и Карпош се формирани на 3 ноември 1976 година, а во 1976 година е основан и Центар. Половина век подоцна, трите скопски општини ја одбележаа годишнината секоја на свој начин – со свечени седници, академии, гости од регионот и фолклор.
Центар ги пречека градоначалниците на Стари Град од Белград, Радослав Марјановиќ, и на Центар од Сараево, Срѓан Мандиќ. Се зборуваше за култура, спорт, младинска размена, урбанизам и „паметни градови“. Градоначалникот Горан Герасимовски, кој е во втор мандат, ги наброја градинката „Пролет“ со капацитет за 173 деца, обновената спортска сала „Работнички“, реконструираните улици и доградбата на училиштата. „Центар има богато минато, силен урбан дух и голема иднина што заедно ја градиме“, порача тој.
Гази Баба го одбележа јубилејот со свечена седница на Советот и академија, на која посебно место имаа 55 ученици со општински стипендии. Градоначалникот Бобан Стефковски порача дека политичките разлики се нормален дел од демократијата, но не смеат да бидат пречка кога станува збор за проекти и инфраструктура. Во рамки на јубилејот, тој и претседателот на Советот Виктор Трпевски седнаа на една маса со поранешните градоначалници и претседатели на Советот. На академијата беше и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој вети дека Градот ќе биде партнер во идните капитални проекти и во решавањето на проблемите што со години се наталожувале.
Карпош го прослави јубилејот со фолклорна вечер во Драмскиот театар, со шест културно-уметнички друштва на сцената и градоначалникот Сотир Лукровски во публиката.
Јубилеите се убави и заслужени. Но меѓу свечените реченици оваа недела се провлече и едно признание, од градоначалникот на Скопје: дека има проблеми што со години се наталожувале. Ако тоа го кажува и власта, тогаш вистинската мерка за следните педесет години не е бројот на академии. Дали жителот на Центар, Гази Баба или Карпош ќе ја почувствува годишнината таму каде што живее – во градинката, на тротоарот, на паркингот пред зградата?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Лицата со дијабетес не можат без игли, ленти и сензори - па решија барем да засадат дрвја за отпадот што...
Од зградата на Матичната управа паднал метал и повредил тројца луѓе - а на местото на настанот најголем проблем станала...
Над 600 проекти, еден милион денари за најдобрите - и идеи за проблеми со кои секој од нас се сретнал....
Во снимките тврди дека бугарската служба ја условувала, на Фејсбук пишува дека никој не ја принудувал - а загинатиот 33-годишник...
Кардиолог што ги лекува туѓите срца, а своето го носел на сите осумилјадници на планетата. Шеснаесет години, 14 врвови и...
Бројките се подобри од лани и „Безбеден град“ има заслуга. Но списокот на приведените покажува дека камерите не можат да...
Скопје и Ѓорче Петров ги одбележаа 82 години слобода со говори за паркови и инфраструктура. Најмногу кажа човекот што таа...
Од 08:30 до 15:00 часот без напојување остануваат дел од корисниците во Кисела Вода, а до раното попладне и Петровец,...
Асошиејтед прес и Euronews ги снимија кравите по улиците. Дома, Општината и Агенцијата за храна и ветеринарство си ја префрлаат...
Наместо да се чекаат до 36 часа за одлука на судот, полицаецот ќе може со усна наредба да го отстрани...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.