Охриѓанец ја претепал девојката до онесвестување, а мајка му, поранешна претседателка на ДКСК, го пријавува нејзиниот татко
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Компанијата што ја градеше својата легенда на ракети сега заработува најмногу од тоа што им изнајмува пресметковна моќ на туѓи фирми. SpaceX го објави својот прв квартален извештај откако излезе на берза, и бројката што ја забележаа сите не беше за лансирања: приходот скокна од 4 милијарди долари во вториот квартал од 2025 на 7,8 милијарди годинава. Раст од 92 отсто. Речиси 2 милијарди од тој скок доаѓаат од оддел за вештачка интелигенција што само пред една година беше туѓа фирма.
Тој оддел порано се викаше xAI и беше приватниот проект на Илон Маск. Го проголта ракетната компанија откако стана јасно дека не може да ги стигне OpenAI и Anthropic, а во меѓувреме собра колекција скандали што секој друг основач би ги плаќал со работно место – Grok што се самонарече „MechaHitler”, технологија што генерираше материјал со сексуална злоупотреба на деца. Решението не беше подобар модел. Решението беше да престанат да се обидуваат и да ги изнајмат серверите.
Иронијата е совршена: двата големи договора за пресметковна моќ што ги држат бројките горе се склучени со Anthropic и Google – токму лабораториите што xAI не успеа да ги победи. Двата центра крај Мемфис, изградени за да ги тренираат сопствените модели, сега работат за конкуренцијата. Финансискиот директор Брет Џонсен го кажа тоа на јазик што не крие ништо: „Дополнителниот приход од новите договори за хостинг генерираше високи маргини бидејќи го монетизиравме достапниот пресметковен капацитет.”
Маск, како и обично, не се задоволи со прогнозата на својот финансиски директор. Џонсен рече дека до крајот на годината компанијата ќе стигне до годишна стапка на приход од 100 милијарди долари. Маск додаде: „Сто милијарди во декември не е прашалник. Тоа е она што би го постигнале ако буквално не правиме ништо. Мислам дека може да биде и повеќе. Веројатно ќе биде повеќе.” За споредба, целата 2025 година донесе 18,67 милијарди.
Инвеститорите не се воодушевија исто толку. Акцијата затвори на нешто над 125 долари, под цената од 135 што самиот Маск ја постави при најголемото излегување на берза во историјата – 85 милијарди собрани, проценета вредност од 1,75 билиони долари. По објавувањето на извештајот падна уште осум отсто во вонберзанска тргувина. Компанијата загуби 541 милион во кварталот, што е половина од лани, но сепак е загуба. И трошењето расте побрзо од сè друго: 28 милијарди капитални трошоци за шест месеци, наспроти 7 милијарди во истиот период лани.
Значи што гледаме навистина? Ракетна фирма што почна да живее од струја и силикон, држи воена каса од 100 милијарди и харчи како да утре нема. Дали е тоа компанија за вселена што има оддел за вештачка интелигенција – или дата центар што случајно лансира ракети? Бројките за оваа година даваат прилично директен одговор.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Според OpenAI, луѓето веќе поставуваат над 300 милиони здравствени прашања неделно. Apple не трча по нив со уште еден чет-бот...
Издавачите не ти продаваат е-книга, ти ја изнајмуваат - и можат да ја сменат или избришат кога ќе посакаат. Онлајн...
Кабелскиот оператор, канцеларијата за возачки дозволи, ресторанот без резервации преку интернет: ВИ-агентот на Meta сега ги прави повиците што никој...
Пробиена е фирма за ВИ-модели, а платија возачите на Uber: нивните возачки дозволи стоеле кај компанија за која малкумина од...
Америка им ги забрани најдобрите чипови на кинеските компании. Ново истражување вели дека нивните најмоќни модели сепак учеле на нив,...
OpenAI сака ChatGPT да не биде само место каде што прашуваш, туку и место каде што плаќаш. Amazon веќе ги...
Над 430 милиони луѓе зависат од една компанија, а таа самата не знае кога ќе ги врати услугите. Сингапур ги...
Nvidia ја изгради цела индустрија околу своите чипови, а самата беше изградена околу еден човек. Сега тој си замина, а...
Хакерите не влегле директно во Notion. Влегле кај облачниот добавувач на неговиот добавувач и излегле со разговорите што корисниците ги...
Хуанг има 60 директни потчинети, а наследник нема. Аферата со наводна кинеска шпионка ја отвори најнезгодната тема за компанијата чии...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.