Пукање од возило во движење среде Центар на Скопје: тројца приведени, истрагата во тек
13.07.2026
13.07.2026
13.07.2026
13.07.2026
13.07.2026
13.07.2026
13.07.2026
13.07.2026
12.07.2026
11.07.2026
13.07.2026
13.07.2026
13.07.2026
13.07.2026
13.07.2026
12.07.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Бараш уште настани? Целиот календар на концерти и настани во Македонија и регионот е на едно место.
Митровиќ заедно со Колев со Aura Dominion носат ново поглавје на македонската електронска сцена
Кога страста кон музиката ќе се спои со јасна визија и амбиција, се раѓаат големи приказни. Токму така започнува приказната на Митровиќ и Баже, Aura Dominion нов музички бренд кој има за цел да донесе поинакво искуство на македонската електронска сцена.
Целта на Aura Dominion е да организира современи културно-музички настани кои ќе ја промовираат електронската музика, ќе им дадат простор на домашните и странските артисти и ќе создадат амбиент во кој публиката ќе ужива во квалитетна музика, професионална продукција и уникатно визуелно доживување.
Покрај забавниот карактер, проектот има и поширока мисија – да ја збогати културната понуда, да ја поттикне креативната индустрија, да привлече млади луѓе кон современата музичка култура и да ја позиционира Македонија како дестинација за квалитетни електронски настани
“Постојат луѓе кои се појавуваат во животот во вистинскиот момент и ти покажуваат дека не си сам. За мене, таков човек е господинот Срџан Амет. Кога нашите идеи беа само сон, тој беше човекот што поверува во нив. Ми даде поддршка, доверба и сила да продолжам напред, дури и кога патот изгледаше тежок. Благодарение на неговата несебична помош, денес Aura Dominion не е само замисла, туку проект што чекор по чекор станува реалност. Не сум благодарен само за помошта што ми ја даде, туку и за лекциите што ги научив од него дека успехот се гради со чесност, работа, трпение и верба во луѓето, изјави Митровиќ”
Срџан Амет – име препознатливо во македонската адвокатура
Срџан Амет е адвокат со долгогодишно искуство и препознатливо име во македонската адвокатура. Во текот на својата кариера застапувал бројни предмети и изградил репутација на професионалец кој работи со посветеност, одговорност и висок степен на правна стручност. Неговиот пристап, искуство и принципиелност му донеле доверба кај голем број клиенти и почит во правните кругови.
Покрај својата професионална кариера, Амет е познат и како човек кој несебично ги поддржува младите, нивните идеи и нивниот развој. Верува дека успехот се гради преку работа, доверба и искрена поддршка, а токму затоа стоел зад повеќе иницијативи и проекти со кои им помагал на младите да ги реализираат своите визии.
“Во текот на својата долгогодишна кариера, Срџан Амет не бил ангажиран само на предмети во Македонија, туку работел и на меѓународни правни проекти и соработки со странски партнери. Неговото искуство се проширува и надвор од домашните рамки, каде стекнал дополнителна професионална пракса и учествувал во проекти со меѓународен карактер. Токму тоа искуство, заедно со неговата стручност и посветеност, придонело да изгради препознатливо име во правните кругови.


Покрај професионалните успеси, Амет е познат и како човек кој знае да препознае потенцијал кај младите и да им даде поддршка во остварувањето на нивните идеи, оставајќи белег не само како адвокат, туку и како човек кој верува во идните генерации”
Во јавноста беше познат и како близок пријател и адвокат на таблоидниот крал Зоки Фаци, со кого со години го поврзуваше професионална соработка и лично пријателство. Неговото име често се споменуваше во медиумите токму во контекст на таа соработка, што дополнително ја зголеми неговата препознатливост во јавноста.
Денес, покрај успешната адвокатска кариера, Срџан Амет продолжува да биде препознатлив како човек кој верува во луѓето и им помага на оние што имаат визија, амбиција и желба да создадат нешто вредно за општеството.
Најновите 10 вести од оваа категорија
No More Many More слави тринаесет години постоење со голем концерт на Vidas Art Arena во Софија на 18 септември,...
Керана и Космонавтите, група на годината на БГ Радио за 2023, настапува на црноморскиот брег во Лозенец на 15 август...
Milde Sorte Party носи диско звук од седумдесеттите и осумдесеттите на Трсатската градина во Риека на 15 август, со Ди-џеј...
Preach The RIČ, хип-хоп фестивал во четврто издание, се враќа на Мартинска кај Шибеник од 7 до 8 август со...
Jazz u vinogradu, бутик џез фестивал во своето шесто издание, се одржува меѓу лозјата на Маѓеркин брег во Штригова од...
Михаела Маринова, една од најпопуларните млади бугарски пејачки, го одржува првиот самостоен концерт во Зала 1 на НДК во Софија...
After Work: Back to the 90's носи носталгична денс забава со ди-џеите Дијан Соло и Дончо на Vidas Art Arena...
Делукс, францускиот шестчлен електро-грув состав кој спојува фанк, џез, рок и хип-хоп, се враќа во Софија на 26 ноември со...
Оратница, бугарскиот бенд кој спојува фолклор со дабстеп и драм-н-бејс, се враќа по осум години со премиера на новиот албум...
Џипси Кингс, легендите на румба фламенко и автори на Bamboléo, настапуваат во Летниот театар во Варна на 14 септември во...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе