Дваесет и еден пожар за еден ден: рекордот што никој не сакаше да го обори
13.08.2026
13.08.2026
13.08.2026
13.08.2026
13.08.2026
12.08.2026
12.08.2026
13.08.2026
13.08.2026
12.08.2026
13.08.2026
13.08.2026
13.08.2026
13.08.2026
12.08.2026
11.08.2026
13.08.2026
13.08.2026
13.08.2026
13.08.2026
13.08.2026
12.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Уставниот суд им напиша на Судскиот совет и на Здружението на судии реченица што во нормална држава не би требало да мора да се пишува: судската независност не е оправдување за непочитување на Уставот. Одлуките на овој суд се конечни и извршни – точка.
Поводот е конкретен и вреди да се следи чекор по чекор. Со одлука од 2025 година Уставниот суд утврдил повреда на слободата на јавно изразување мисла во случајот на Наташа Стојановска. Одлуката потоа не била извршена. Странката побарала примена на законските механизми, по што Уставниот суд ги известил Јавното обвинителство и Судскиот совет за неизвршувањето, согласно член 91 од сопствениот акт.
Од Уставниот суд објаснуваат дека судијката од Основниот граѓански суд Скопје дала предност на Законот за парничната постапка наместо на Уставот, со образложение дека законот не содржел изречна основа за повторување постапка врз основа на одлука на Уставниот суд.
Ниту еден закон не стои над Уставот
Одговорот на Уставниот суд е директен: празнините во законодавството се толкуваат преку уставниот дух, не обратно. Судската независност во одлучувањето не значи дека конечните одлуки може повторно да се проценуваат, да се релативизираат или ефектот да им се одложува. Извршувањето на одлуките, велат оттаму, е еден од темелните принципи на владеењето на правото, а нивното почитување е постапување во согласност со Уставот – не потчинување на друг орган.
Тоа последното е клучната реченица. Целата одбрана на неизвршувањето почива на идејата дека кога еден суд ја спроведува одлуката на друг, тој ја губи независноста. Уставниот суд вели дека тоа не е независност, туку неспроведување на Уставот.
Правен спор или обичен ќор-сокак
Аргументот дека одлуката не е конечна поради поднесени жалби Уставниот суд го отфрла со едноставна логика: неправосилноста поради жалба не ја менува фактичката состојба дека одлуката била игнорирана. Тука се повикува и на праксата на Европскиот суд за човекови права.
Кога врвните правосудни институции јавно си разменуваат соопштенија за тоа кој кому мора да го спроведе решението, граѓанинот што ја добил пресудата гледа нешто многу поедноставно од уставна дискусија. Тој гледа дека победил во постапка чиј исход никој не е должен да го изврши.
Уставниот суд порачува дека останува решителен во заштитата на уставноста, законитоста и правата на граѓаните. Останува да се види што конкретно следува – затоа што соопштение против соопштение не е механизам за извршување.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Бугарија бара малцинство во Уставот, Македонија бара да се почитуваат пресудите од Стразбур. Прашањето што остана без одговор е што...
Двете страни имаат добар правен аргумент. Додека си разменуваат соопштенија, случајот што ја покрена расправата стои во апелациона постапка.
Законот предвидува одговорност дури и кога знамето е погрешно истакнато „по грешка или незнаење“. Три податоци ја затвораат темата за...
По 25 години лидерот на ДУИ соопшти дека партијата не му дозволува да си замине. И побара гласање што би...
Уставниот суд вели дека неговата одлука не е извршена. Судиите велат дека постапката е во тек и дека притисокот е...
ДИК го усвои роковникот по ненадејната смрт на Јовица Илиевски, кој лани победи со тесна разлика. Токму тоа ја прави...
СДСМ вели без оглас. Владата вели преку тендер. Компанијата вели дека дава донација. Солидарноста не се докажува со изјава, туку...
Министерот вели дека граѓаните треба да бидат спокојни. Во истото интервју кажа дека претходната влада дала ветувања за кои јавноста...
Мицкоски вети исправна вода можеби уште денеска. Двете партии си префрлаат молчење - а извештаите со бактерии што ги вадат...
Од сите најави на брифингот, најпроверливата е таа за јавните набавки. „Избори ќе има кога ќе им снема пари“ е...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.