20 ученици со стомачни тегоби во скопско училиште: труење или вирус – а институциите се разминуваат кој кого известил
01.06.2026
01.06.2026
01.06.2026
01.06.2026
01.06.2026
01.06.2026
01.06.2026
01.06.2026
30.05.2026
28.05.2026
01.06.2026
01.06.2026
01.06.2026
01.06.2026
31.05.2026
30.05.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
14.04.2026
07.11.2025
07.11.2025
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Сликата ја знае целиот интернет: кученце што седи во запалена соба и мирно вели „ова е во ред”. Мемот „This is fine” на илустраторот Кеј Си Грин стана симбол на тоа како се прави дека сè е нормално додека наоколу гори. Овој пат, сепак, она што гореше беше самото авторско право – бидејќи ВИ-стартапот Artisan го искористи токму тоа кученце во своите реклами, без да праша никого.
Рекламите се појавија на автобуси и метро во Њујорк и Сан Франциско. На нив, познатото куче седи среде пламен, а покрај него стои текст: „Мојот канал гори” и „Вработи ја Ава, ВИ-агентот”. Пораката е јасна – наместо човек, користи ја нашата вештачка интелигенција. Иронијата дека компанија за ВИ украла туѓа уметност за да продаде ВИ очигледно ѝ промакна на самата компанија.
Грин не молчеше. Јавно изјави дека неговата уметност е „украдена онака како што ВИ краде” и ги повика следбениците да ги „вандализираат” рекламите. Се пожали и на нешто што секој независен автор го знае: наместо да работи на она што го сака, мора да троши време и енергија на правни битки против некој со многу повеќе пари.
На крајот спогодбата дојде брзо. Artisan се согласи да ги повлече рекламите со ликот на Грин од двата града, а Грин ја тргна својата критична објава. „Постигнавме спогодба прилично брзо”, потврди авторот. Од компанијата, чиј основач и извршен директор е Џаспар Кармајкл-Џек, претходно тврдеа дека имаат „голема почит кон Грин и неговото дело” – почит која, се чини, ја откриле дури откако ликот веќе висеше по автобусите.
Случајот е мал, но кажува нешто поголемо. Додека ВИ-индустријата зборува за креативност и иднина, во пракса честопати само зема готово туѓо дело и го пакува како свое. Прашањето што останува не е дали Грин ќе си ги добие рекламите симнати – тоа веќе се случи – туку колку автори немаат ниту време ниту пари да се борат, и колку „This is fine” реклами поминуваат незабележано.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Поимот опишува директори занесени по вештачка интелигенција што изгубиле допир со тоа како таа работи. Образец што го познаваме и...
20-годишник на врвот на боксофисот со рекорд за A24, 26-годишник со филм што расте трета недела по ред. Креаторската економија...
Купување, плаќања, резервации, игри - сè во една апликација, по моделот на кинескиот WeChat. Прашањето не е дали ќе стигне...
Од 1 јуни Microsoft наплатува според потрошувачка, не по фиксна претплата. Некои корисници велат дека трошокот им се множел и...
163-страничната пресуда на Делхиски Висок суд може да стане прецедент за европските регулатори. Основачите на Zerodha и Zoho ја поздравија...
ВИ-чип стартапот излезе со 20 милијарди од не-аквизицијата со Nvidia во декември. Сега рундата е речиси гарантирана од Disruptive и...
Најбрз циклус во историјата на компанијата. Новиот модел признава „не знам", а главната најава е дека Mythos-класата стигнува до клиентите...
Signal Support никогаш не контактира прв - тоа е јасно правило. Но новиот бран фишинг се претставува точно како тоа,...
Статичен тест во Кејп Канаверал заврши со експлозија на полно гориво. Никој не настрада, програмата паѓа. Маск им посака брз...
Серија H која блокира еден трилион пред IPO, инвеститори од Sequoia до Blackstone и хиперскалери кои вложуваат уште 15 милијарди....