Skip to content

Дали погрешни банкини на скопската обиколница го пуштија камионот во спротивна насока – архитект бара системска одговорност

1 мин. читање
Сподели
Дали погрешни банкини на скопската обиколница го пуштија камионот во спротивна насока – архитект бара системска одговорност

По трагедијата на скопската обиколница кај Мирковци, во која загинаа четири лица, јавноста бара одговор на прашање кое не е удобно за државата – дали безбедносната ограда на тоа место воопшто беше предвидена да задржи камион со полуприколка. Архитектот Бошко Видоески отвори дискусија која ги исфрла институциите на тестот.

Анализирајќи фотографија од пробиените банкини на местото на несреќата, Видоески посочува дека разделниот појас бил обезбеден со „N2″ тип на банкини. Според европскиот стандард EN 1317, тој тип е предвиден за задржување на лесни возила. Не камиони. Не товарни возила со полуприколки. Камион од 40 тони со N2 банкина е како книга против гранатомет.

Според Видоески, левите страни на автопатите со висока фреквенција на сообраќај и редовни товарни возила би требало да бидат обезбедени најмалку со „H2″ тип банкини – наменети за задржување тешки возила во спротивна насока. Скопската обиколница, како главна транспортна артерија со постојан меѓународен товарен сообраќај, очигледно ги фали тие стандарди. Иако трагедијата тоа го откри, прашањето не е ново. Граѓански експерти го имаат покренато во последните години.

Обвинителството засега го гледа само индивидуалниот аспект – возач од Косово на 76 години, кој „не ја приспособил брзината”. Тоа не е погрешно – тој е виновен. Ама ако и оградата била погрешна, тогаш виновноста се проширува. Кој ја проектирал? Кој ја одобрил? Кој вршел ревизија? Кој надгледувал? Дали некој навреме предупредил? Сите тие прашања бараат истраги кои надминуваат рамките на еден кривичен предмет.

Очекуваниот сценарио во Македонија е добро познат – се отвораат прашања, се чекаат експертизи, се прават комисии, и за неколку месеци темата исчезнува од насловите. Огради остануваат истите. Сè до следната трагедија. Тоа е една од причините зошто нашата сообраќајна безбедност прави прогрес со ритам на полжав – не затоа што институциите не знаат, туку затоа што нема политичка волја да преземат скапи но потребни инфраструктурни промени. Сега имаме четворица мртви. Прашање – дали тоа ќе биде доволно за да се променат стандардите?