ЕВРОПА НА НОЗЕ: ГРАЃАНИТЕ ИЗЛЕГОА НА УЛИЦИТЕ
31.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
30.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
30.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Едни граѓани уредно си го плаќаат данокот на имот. На други, долгот тивко им се брише како застарен. Државниот завод за ревизија ја стави оваа неправда на хартија – и бројката е неудобна: речиси 48 милиони евра ненаплатени.
Ревизијата на успешност спроведена од Државниот завод за ревизија утврди дека општините во периодот од 2020 до 2024 година не наплатиле речиси 48 милиони евра по основ на разни даноци, вклучувајќи данок на имот, такси и други надоместоци. Во истиот период, општините отпишале долгови од над 3,8 милиони евра.
Механизмот е едноставен и неправеден. Додека едни уредно ги плаќаат своите давачки, кај други – поради неефикасноста на општините – долгот застарува и им се брише. „Од вкупно ненаплатените побарувања по основ на данок на имот, 67 отсто, или 18,9 милиони евра, се постари од пет години, што укажува на слабиот фискален напор на општините“, констатираат ревизорите.
Зошто општините не наплаќаат? Одговорот е и апсурден и очекуван. Даночните одделенија се неекипирани, регистрите не се ажурираат, а во целата држава има само 16 даночни инспектори, од кои еден од Управата за јавни приходи. Шеснаесет луѓе за да го наплатат данокот на имот на цела држава. Не е чудо што работите застаруваат.
Има и втор слој на проблемот – вредноста на имотите. Методологијата за пресметка е застарена, се применуваат цени што со години не се менувани и не ја одразуваат реалната пазарна вредност. Само 15 општини воопшто спровеле ревизија на пазарната вредност. Резултатот е потценета даночна основа и намалени приходи – за пари што потоа ги нема за патишта, за водовод, за основни работи.
Оценката на ревизорите е децидна: мерките и политиките на надлежните органи и локалната самоуправа „не обезбедуваат ефикасно администрирање на локалните даноци, такси и надоместоци“. Со други зборови, системот не функционира – и тоа не е тајна, туку официјален наод. Прашањето што ревизијата не го одговара е дали некој воопшто ќе преземе нешто по неа, или и таа ќе застари како долговите што ги опишува.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Премиерот бара виновник за малите пензии кај приватните друштва. Ревизијата, пак, покажала дека и државниот ПИОМ доцнел со уплатите кон...
Парите на хартија изгледаат уредно: помал дефицит, повеќе приходи, раст од 3,8 отсто. Проблемот со буџетите никогаш не бил на...
Статистиката вели дека економијата лани растела. Табелите покажуваат и што растело: повеќе бетонот и купувањето отколку фабриките.
Поголемиот дел од парите заминал за дваесет минути, а подготовките траеле најмалку 36 часа. Ако се потврди трагата кон Северна...
Вашингтон купи 10 отсто од Intel и сега учи што значи да си акционер. Дата центрите му растат за 78...
Фирма со 1.200 адвокати се подготвува да гласа за сопственото гаснење, а стартап што излезе од сенка дури во 2025...
Она што пред 18 месеци беше магла од зборови сега е набавка на автомобили. Роботаксито на Waymo тргна кон Јапонија...
Изградбата на автопатот Кичево – Охрид започна во февруари 2014 година, а по 12 години и 8 месеци, проектот сè...
Македонија продолжува да се задолжува, а јавниот долг достигнува износи што отвораат сериозни прашања за долгорочната одржливост на државните финансии....
Тетово води со 22,5 милиони евра, а десет градежни фирми зеле четвртина од вкупната сума. Парите за тендери речиси се...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.