„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Waymo, фирмата за автономно возење во сопственост на Alphabet, ја отвори својата нова генерација роботакси за сите патници во Лос Анџелес, Феникс и Сан Франциско. Возилото се вика Ojai и, кога ќе побарате превоз во тие три града, може да ви се додели без да го изберете. Кога ќе ги има доволно, патниците ќе можат да бираат меѓу него и постариот Jaguar I-Pace. Засега во комерцијалната флота има околу 300 такви возила.
До крајот на годината Ojai треба да стигне и во Денвер, Лас Вегас и Сан Диего. Досега Waymo се потпираше на преправениот Jaguar, кој стана дел од уличната слика во Сан Франциско и вози во 11 американски градови. Но тоа возило секогаш беше привремено решение – скапо за производство и за одржување, што е проблем кога целта е масовен обем и, конечно, профит.
Ojai носи шеста генерација на системот за автономно возење, кој е модуларен и наменет да работи на повеќе типови возила – тоа е клучот на целата комерцијална сметка. Внатре има редизајниран интерфејс и Gemini, кој служи како асистент на патниците.
Ако се тргне технологијата настрана, останува нешто поинтересно: Ojai е минибус на Zeekr, бренд во сопственост на кинеската Geely. Waymo соработува со Zeekr од 2021 година, а возилото е градено на платформата SEA-M, дизајнирана токму за роботаксија и комбиња за достава.
Тука приказната се судира со политиката. Возилата произведени во Кина се соочуваат со високи американски увозни царини, што ја крева цената на секој Ojai што влегува во земјата. Основните возила пристигнуваат без ниту еден дел од кинеската поврзана технологија на себе, а потоа одат во фабриката на Waymo во Аризона, каде што се опремуваат со системот за автономно возење. Значи американска фирма гради иднина на автономниот превоз врз кинеска шасија, го дели тоа возило на два дела за да ги задоволи политичките барања, и потоа плаќа царина за привилегијата.
Обемот не е мал. Истражувачката куќа MoffettNathanson од Њујорк, која ги следи увозите преку детални царински податоци за испорачана стока, проценува дека Waymo е на пат да внесе 5.000 возила Ojai во САД до крајот на 2026 година. Тоа е повеќе од двојно од сегашната флота на Jaguar. Само во јули влегле 725 возила.
Вреди да се спомене дека роботаксијата не се повеќе само американска приказна. Uber и Pony.ai веќе носат такви возила во Европа, а првото се вози во Загреб. Кога една технологија почнува да пристигнува во регионот преку комерцијални договори, а не преку најави за иднината, прашањето станува поконкретно: кој ги пишува правилата за возило без возач кога ќе стигне и до нас?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.