Младите од Сарај велат дека биле тепани откако биле совладани, синдикатот тврди дека се обиделе да прегазат полицајци: МВР засега само истражува
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
10.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
10.10.2026
09.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
10.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
09.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Саша Богдановиќ со години беше кадар на СДСМ: претседател на општинската организација на партијата во Центар, директор на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, а од 2017 до 2021 година и градоначалник на Центар. Сега се враќа во политиката како претседател на сопствена партија – Српска демократска лига.
Првиот изборен конгрес на партијата се одржа на 9 октомври навечер во салата на Македонската филхармонија во Скопје. Делегатите едногласно ги формираа Централниот и Надзорниот одбор и усвоија предлог-договор за коалиција, со кој претседателот и Централниот одбор добија мандат да преговараат и да склучуваат идни политички коалиции. Со кого – засега не е кажано.
Покрај претставниците на македонски партии и луѓе од јавниот живот, во салата имаше и гостинка од Белград: потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна партија (СНС), Невена Ѓуриќ. СНС е владејачката партија во Србија, која долги години ја предводеше Александар Вучиќ. Богдановиќ јавно се заблагодари за, како што напиша, силната поддршка.
„Ова не е само нова политичка сила, туку претставува историска обнова на соработката и традицијата на првата Српска лига основана во Скопје уште во 1908 година. Со организираност, достоинство и единство, ќе го чуваме својот идентитет, истовремено почитувајќи го и идентитетот на другите!“, порача Богдановиќ. Својата објава за конгресот ја заврши на српски: „Само сложни можемо бити снажни!“
Од партијата велат дека ќе дејствуваат како граѓанска опција, отворена за сите етнички заедници. Уште во март, кога ја најави партијата, Богдановиќ тврдеше дека нема да се обраќа само до Србите. Граѓанска опција за сите, со име кое повикува на национална организација од 1908 година и со гостинка од владејачката партија на соседна држава во салата – тоа е комбинација која ќе мора добро да се објасни.
Српската заедница има полно право на свое политичко организирање. Но кога поддршката за една нова партија во Македонија стигнува директно од владејачката партија во Белград, прашањето не е етничко, туку политичко: чии интереси ќе ги носи тој коалициски мандат на масата – на граѓаните на Македонија или на некој друг?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Ден по средбата во Софија, бугарската министерка пред пратениците кажа дека нема повторно преговарање и нема одложени уставни измени. Скопје...
Средбата ја побара Брисел. Бугарија ги одби репреговарањето, уставните измени со одложено дејство и квалификуваното мнозинство - и тоа пред...
Државна лотарија ги даде парите, приватна агенција ги подели, а поединечните хонорари Лотарија вели дека нема право ни да ги...
Соопштението против обвинителката излезе на денот кога судот, на нејзин предлог, го одби одмрзнувањето на партискиот имот. Премиерот не дојде...
Скопје бара гаранција дека по уставните измени нема да дојде ново барање. Бугарската министерка вели дека најдобрата гаранција е да...
СДСМ бара проверка на имотите на сите функционери од 1991 наваму, премиерот нуди полиграф за да се каже кој колку...
Скопје знае дека средба ќе има, но не знае дали ќе седне на маса или ќе добие разговор настрана. Во...
Рокот го пишува законот, а партиите се караат кој е крив. Во случајот „Државна лотарија“ штетата е 9,7 милиони евра,...
Фон дер Лајен посоветува разговор, Скопје испрати нота, Софија одговара преку медиуми. Премиерот однапред ја прогласи средбата за формалност.
Средбата на маргините на конференцијата за Коридорот 8 е првиот чекор по советот на Фон дер Лајен. Претходната, во Хелсинборг...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.