Една недела по приказната за полициска бруталност, МВР со своја верзија: совозачот му го одзел пиштолот на полицаецот
15.10.2026
15.10.2026
15.10.2026
15.10.2026
15.10.2026
15.10.2026
15.10.2026
15.10.2026
14.10.2026
13.10.2026
15.10.2026
15.10.2026
14.10.2026
15.10.2026
15.10.2026
15.10.2026
15.10.2026
14.10.2026
13.10.2026
15.10.2026
15.10.2026
15.10.2026
15.10.2026
15.10.2026
15.10.2026
15.10.2026
14.10.2026
13.10.2026
13.10.2026
12.10.2026
10.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Момчило Марјановиќ (54) повеќе од десет години бил активист на Српската напредна странка на Александар Вучиќ. Сега, во интервју за истражувачката новинарска мрежа БИРН, раскажува дека партијата организирала и плаќала групи силеџии, купувала гласови и инфилтрирала свои луѓе меѓу студентите и демонстрантите за да предизвикуваат судири со полицијата. Сето тоа се негови тврдења, а не судски утврдени факти – но се доволно детални за да не можат лесно да се турнат под тепих.
Тој вели дека лично водел групи мажи што ги чувале партиските простории, учествувале во пресметки со демонстранти и престојувале во таканаречениот Ќациленд – кампот на Вучиќевите приврзаници пред зградата на Претседателството на Србија. За престојот таму, тврди, добивал по 500 евра дневно, а мажите што ги водел по 200 евра. Парите ги примал во готово, во канцеларијата на директорот на едно новосадско јавно претпријатие.
Палки, спрејови и „стотина“ револвери
По падот на надстрешницата на новосадската железничка станица на 1 ноември 2024 година, во кој загинаа 16 луѓе и кој ги разгоре масовните протести, неговите задачи, вели, станувале сè понасилни. Пред големиот студентски протест на 15 март 2025 година во Белград поминал повеќе од две недели во Ќациленд. Во шаторите, раскажува, ги чекале палки, спрејови и фантомки. „Ако дојде до судир, да не бираме средства, имаме сè што ни треба. Да одиме до крај, без милост.“
„Додека шетав низ Ќациленд, видов доста луѓе со револвери што не ги ни криеја. Сигурно стотина“, тврди Марјановиќ. Додава дека полицијата соработувала со луѓето од кампот и дека слушнал полицаец како им кажува дека, ако полицијата не успее да ги задржи демонстрантите, ќе пушти одреден број од нив внатре – за групите во Ќациленд да ги претепаат и така да ги заплашат останатите.
Провокатори меѓу студентите
Најтешкото тврдење е за инфилтрацијата. „Организиравме момци од други градови, кои локалните луѓе не ги познаваат, да се вметнат во нивните редови. Тие потоа со камења и пиротехника ја напаѓаа полицијата, за да бидат обвинети студентите“, вели тој. Признава дека не сите судири биле режирани, но тврди дека лично учествувал во организирање провокации на протести во Белград, Бачка Паланка, Бачки Петровац и Нови Сад.
До 400.000 евра од градската топлана
Најконкретните обвинувања се упатени кон Ненад Барац, директор на јавното претпријатие „Новосадска топлана“ и член на СНС. Марјановиќ тврди дека Барац лично му давал упатства, го одобрувал бројот на ангажирани луѓе и ги исплаќал парите – во својата канцеларија, а кога директорот го немало, готовината го чекала кај секретарката. Проценува дека од падот на надстрешницата досега од тоа претпријатие подигнал меѓу 350.000 и 400.000 евра. Според новинарите, Марјановиќ им доставил и преписка со Барац како доказ. Барац одбил да одговори на прашањата, прашал од каде им се информациите и го прекинал разговорот.
Претпријатие што треба да ги грее новосадските станови, а од него – ако тврдењата се точни – излегувала готовина за луѓето во Ќациленд. Марјановиќ признава и дека со години примал плата во новосадското комунално претпријатие „Лисје“, без никогаш да се појави на работа. „Тоа се фантомски работни места, така ги викаат. Не сум единствениот, за жал“, вели. За купувањето гласови: „Обично беше 100 евра, а сега слушам дека даваат 400 или 500 евра за глас.“
Со партијата, вели, се скарал кога им помогнал на двајца студенти што влегле во Ќациленд и кога одбил да оди во Кула пред локалните избори на 29 март оваа година. Потоа почнале заканите. За нив ги обвинува поранешниот ММА-борец и активист на СНС Бојан Михајловиќ и неговиот соработник Владимир Зукиќ, а тврди дека Зукиќ се заканувал дека ќе му го повреди детето. Двајцата одбиле да одговорат на прашањата и негираат дека го познаваат.
Ова е сведоштво на човек што самиот признава дека учествувал – и дека уживал во привилегиите: „Никогаш не чекав ред кај лекар.“ Токму затоа тежи. Прашањето е дали некоја институција во Србија ќе го повика да го повтори тоа под заклетва, десетина дена пред изборите на 25 октомври – или Белград и понатаму ќе се занимава со броење хрватски написи за Вучиќ.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Белград ги изброи хрватските текстови за Вучиќ и прогласи мешање во изборите. А спотот на Вучиќ е речиси копија на...
Од 1 ноември Русите нема да влегуваат во Црна Гора само со пасош, а Москва веднаш одговори со визи за...
Белград со години одбива санкции против Москва, а сега Вучиќ тврди дека ни САД веќе не ги спроведуваат целосно. Дали...
Од четирите прашања само едното е обврзувачко, а она што најмногу ги засега луѓето од поранешна Југославија веќе е закон....
Република Српска од почетокот на 2025 година потрошила над четири милиони долари на лобисти блиски до Трамп. Кога тоа излезе...
Мала Црна Гора го приведе човекот за кого Вашингтон нудеше до 10 милиони долари и го протерува како закана за...
Хашкиот трибунал го осуди Слободан Праљак на 20 години, тој се отрова во судницата, а осум години подоцна на гробиштата...
Србија не е спомената по име, но сите знаат на кого се мисли. А списокот услови за балканските кандидати штотуку...
Белата куќа вели дека со укинувањето на санкциите спречила катастрофа, но не кажува каква. Фирма основана четири дена по договорот,...
Кладилниците го даваат за премиер по квота 1,20, а тој бара над 50 отсто од гласовите. Кампања во која непријателите...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.