Двојна наплата за операции на очи, до 4.000 оштетени пациенти: прекршоците се знаеле, казните не стигнувале
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Обвинителката која ги најде 350.000-те евра заѕидани во домот на родителите на судијата Ѓоко Ристов ќе го води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Искра Хаџи Василева ги доби непосредните избори на кои гласаа обвинителите од цела Македонија – со 64 гласа, седум повеќе од вишиот обвинител Трајче Пеливанов.
Јован Цветановски освои 30 гласа, Фатон Азизи 14, а Лидија Раичевиќ шест. Право на глас имаа 187 обвинители, неважечки беа четири ливчиња – сите на гласачкото место во Вишото јавно обвинителство Скопје. Хаџи Василева победи на сите гласачки места освен во Гостивар, каде Пеливанов ја надмина со 16 спрема 4. Во рок од седум дена Советот на јавни обвинители треба формално да ја именува, а таа ќе го наследи Ислам Абази, чиј мандат истекува во средината на ноември.
Изборот што не го прави партијата
Ова е еден од ретките избори во правосудството каде гласаат колегите, а не мнозинството во Собранието – за разлика од државниот обвинител, кој го избира владејачкото мнозинство. Тоа е добрата вест. Трката била тесна меѓу двајца обвинители со тешки предмети зад себе: Пеливанов ги водел предметите за прислушувањето и предмет против поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, а Хаџи Василева, покрај предметот за Ристов, го води и корупцискиот случај против поранешниот директор на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев, со митото од 50.000 евра во гаража во Скопје.
Хаџи Василева е втората жена на чело на ова обвинителство, по Вилма Русковска, иако над 90 отсто од обвинителите во него се жени. На претставувањето на програмата порача дека фокусот мора да биде на корупцијата и организираниот криминал што го засегаат пошириот јавен интерес и го „оневозможуваат прогресот“.
Убави зборови, ама ОЈО ГОКК не се мери по програми. Работата на обвинителството во изминатиот период често беше на удар на критики, последно поради одлуката да ја запре истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино. Дали новата шефица ќе ги отвори токму предметите што на властите им се најнепријатни – или ќе ја наследи и фиоката заедно со фотељата?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Премиерот ветува јавна дебата и парламентарен надзор врз обединетата агенција. Опозицијата потсетува на прислушувањето и бара одговор и за границите...
64 наспроти 57 гласа, на избори на кои гласаат само обвинителите, а не владејачкото мнозинство. Ретка процедура во која партијата...
130 земји гласаа за укинување на американското ембарго, 17 против. Меѓу тие 17 е Македонија, втора година по ред, додека...
Филипче вели дека по Вучиќ и Орбан следен е Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ одговара со видеа од журки и заеднички омилен пејач....
Потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња, во Скопје зборуваше за поддршка и за надеж дека ќе се надминат отворените прашања...
Министерот за правда бара независно судство и неселективно обвинителство. Европската комисија во меѓувреме бележи дека делот од граѓаните што добро...
Во Србија победија студентите, а лидерот на СДСМ веќе ја пресметува следната влада што треба да падне. Имиња пак нема,...
Ден пред изборите во Србија, Филипче го обвинува Вучиќ за подготвена изборна кражба, а во објавата бара „без мешање во...
Протести од Тирана до Париз, а во Скопје се бараат странски служби. Арсовски ја кажува непријатната причина: помладите не можат...
Партискиот лидер е и премиер, а пред втор круг е на терен во Брвеница. Кога кандидат благодари за владини проекти,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.