Снимката ги најде за еден ден: двајца малолетници и 20-годишник осомничени за суровото тепање во Гостивар
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
03.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
И оваа зима, скопјани ја делат истата судбина – долги чекања, нередовен превоз и студ по автобуските постојки, без јасна најава кога состојбата ќе се подобри. Иако Владата пред повеќе од година и пол најави набавка на 80 нови автобуси, реализација сѐ уште нема, а надежта полека бледее.
Од Владата избегнуваат конкретен одговор кога ќе биде распишан нов тендер за јавна набавка, откако претходниот пропадна. Наместо рокови, јавноста повторно добива општи формулации дека се прават „финални подготовки“ и дека институциите „континуирано работат“ на ветените проекти.
Во меѓувреме, градскиот превоз функционира со сериозен недостиг од автобуси, стар возен парк и проретчен возен ред што често не се почитува. Во зимскиот период, состојбата е уште полоша поради дополнително редуциран сообраќај, оправдан со зимскиот распуст, што најмногу ги погодува вработените граѓани.
Првиот тендер за нови автобуси, распишан минатото лето, беше поништен бидејќи се пријавила само една компанија која не ги исполнувала критериумите. Шест месеци подоцна, нов тендер не е ни на повидок, а надлежните институции веќе не ја споменуваат јавната набавка.
Дополнителен проблем е и долгот на ЈСП „Скопје“ кон приватните превозници, кој изнесува околу 200 милиони денари. Превозниците велат дека со месеци не им се исплатуваат средствата, што директно влијае врз редовноста на линиите, особено во шпицовите на сообраќај.
Граѓаните, пак, сведочат дека некои линии речиси и да не сообраќаат, а чекањето автобус често трае и по половина час, па и подолго. Наместо подобар јавен превоз, скопјани секојдневно се соочуваат со неизвесност, студ и изгубено време.
До реална промена, за жителите на главниот град останува само трпението – и дебелата јакна додека чекаат автобус што можеби ќе дојде.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Истата недела кога на Шар Планина се демонтираат две мини-хидроцентрали, на Кожуф се отвора врата за нови. Разликата е една...
Охридска авторка отвори тема за малолетници без придружба сместени по десетина во стан. Родителската одговорност е најлесната цел - пријавувањето...
Од Битола до Куманово, од Липково до Велес. ЦУК апелира граѓаните да не палат - а прашањето кој ги расчистува...
Pseudomonas aeruginosa е отпорна на многу вообичаени антибиотици. Властите ветија чиста вода до крајот на минатата недела - водата и...
Три часа за излез на Богородица, три на Дојран, повеќе од четири часа колона до црквата во Стар Дојран. Најпредвидливата...
Три работи во соопштението на опозицијата не се реторика - отпадот, Лепенец и Вардар, и една набавка чија вредност не...
„Фаик Коница“ доби водовод, канализација и асфалт. Кој го платил зависи од тоа кое соопштение ќе го прочитате.
Потресот е регистриран во 21:54 часот, без повредени и без штета. Во овој град зборот „земјотрес“ никогаш не е само...
Возачите излегоа од автомобилите и се скараа откако некои се обиделе да прескокнат ред. Секоја година истиот премин се затнува...
Портокалово предупредување денес, а од 5 август африканскиот бран носи над 40 степени во Скопската Котлина и ноќи во кои...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.