Архиепископот Стефан се сретна со делегацијата на Романската црква: 60 високи гости во манастирот Свети Пантелејмон – меѓународна нормализација на МПЦ-ОА
03.05.2026
03.05.2026
03.05.2026
03.05.2026
03.05.2026
03.05.2026
03.05.2026
28.04.2026
27.04.2026
27.04.2026
03.05.2026
03.05.2026
02.05.2026
03.05.2026
03.05.2026
03.05.2026
03.05.2026
02.05.2026
01.05.2026
03.05.2026
03.05.2026
03.05.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
14.04.2026
07.11.2025
07.11.2025
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Петер Маѓар уште не стапил на функција, а веќе фрла бомби. На прес-конференцијата по изборната победа тврдеше дека Виктор Орбан пратил илјадници мигранти кон словачката граница за да му помогне на Роберт Фицо да победи на изборите во 2023 година.
„За разлика од Орбан, ние нема да пуштиме 2.200 осудени шверцери на луѓе од унгарските затвори. Нема да транспортираме мигранти до словачката граница само затоа што тоа му одговара на нашиот социјалистички пријател во Словачка за време на изборна кампања,” кажа Маѓар.
Бранови на граница што никогаш претходно не постоеле
Фактите се неспорни: неколку недели пред словачките избори во 2023, Словачка забележа ненадеен бран на мигранти од Унгарија – на делови од границата каде такви текови претходно не постоеле. Миграцијата стана централна изборна тема, а Фицо максимално ја искористи. Веднаш по изборите, притисокот на границата рапидно престана.
Политичкиот аналитичар Радослав Штефанчик запраша дали само строгото управување со границата може да го објасни таквиот нагол пад: „Министерот за внатрешни работи не е Хари Потер.”
Опозицијата обвинува, Фицо молчи
Словачката опозициска партија Демократи отворено обвини: „Ако е точно дека Фицо свесно помогнал да се создаде мигрантска криза, тоа претставува цинична злоупотреба на безбедносните прашања за манипулација.” КДХ бара парламентарна истрага, а движењето Хнутие Словенско поднесе кривична пријава.
Фицо сеуште молчи. Неговиот министер за надворешни работи го отфрли тврдењето како „апсурдно,” а потпретседателот на парламентот рече дека за тоа „треба добро чувство за хумор.”
Маѓар не бил надворешен набљудувач – бил дел од системот на Орбан. Ако знае, знае од прва рака. А ако го кажува јавно, очигледно смета дека му е поголем плусот отколку ризикот. Балканот знае: кога новиот шеф почнува со обвиненија кон претходникот, тоа е или правда, или позиционирање. Најчесто – и двете.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Поранешен МУП-овец зборува за тајна заштита на луѓе блиски на Дарко Шариќ во самиот врв на тужителството - и за...
Кога ЕУ ви каже не е блокирано но проценуваме - тоа е де факто блокада без потпис. Стандардна тактика -...
Discord, Steam и слични платформи - не Ватсап, не Телеграм. Кога деца од 12 до 15 години може да блокираат...
Парламентот не успеа да избере претседател, Курти не доби поддршка, Хаџиу распиша вонредни. Реформите се одложуваат, дијалогот со Белград е...
Регионален фестивал, регионални подружници, и една културно-етичка дилема за публиката. Кога купувате билет за концерт, кого всушност субвенционирате?
30 години по Дејтон, претседателот на најмоќната хрватска партија во БиХ отворено вели дека ништо не работи. Ако трите народи...
Школски случај што го гледаме и кај нас. Поделени политички блокови во рамките на иста заедница - Албанците во Македонија...
Бартулица го употреби Јасеновац како тема, а не како цел. Стевандиќ одговори со едноставна сметка: побив на суд, добив отштета,...
Алистер Кемпбел беше гласот на НАТО во 1999. Денес го слушаше Вучиќ. Тоа само по себе е вест.
Трет бран лажни пријави за бомби во хрватски образовни институции. Минатата недела - цел петок без настава. Сега - повторно...