Skip to content

Молотовљеви коктели и водени топови: Тирана гореше барајќи оставка на Рама

1 мин. читање
Сподели

Тирана гореше синоќа. Албанската опозиција организираше масовен протест пред владината зграда барајќи оставка на премиерот Еди Рама, а демонстрантите фрлаа Молотовљеви коктели додека полицијата возвраќаше со водени топови и солзавец.

Протестот го организираше Демократската партија на Албанија со поддршка на други опозициски партии. Она што започна како политички собир брзо ескалираше во директен судир меѓу демонстрантите и полицијата пред владината зграда. Неколку пратеници и приврзаници на Демократската партија се повредени, а повеќе демонстранти се приведени.

Албанија минува низ период на заострена политичка поларизација, а протестите против Рама стануваат сè почести и понасилни. За Балканот, сликата е познато: опозиција на улица, власт зад водени топови, и прашање кое никој не го одговара – до кога?