Октомври, а Македонија сè уште гори: 30 пожари за еден ден, пет од нив на депонии и ѓубре
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
08.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
07.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
07.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Бараш уште настани? Целиот календар на концерти и настани во Македонија и регионот е на едно место.
BEAT, супергрупата која ја свири музиката на King Crimson од осумдесеттите, доаѓа во Софија на 9 јули во Зала 1 на НДК. Составот е доволен да им го задржи здивот на сите љубители на прогресивниот рок: Адријан Белу и Тони Левин, двајца поранешни членови на King Crimson, заедно со гитаристот Стив Ваи и Дени Кери, тапанарот на Tool.
Проектот BEAT е формиран во 2024 година со една јасна намера – да ги оживее албумите „Discipline” (1981), „Beat” (1982) и „Three of a Perfect Pair” (1984), тријата плочи од најексперименталниот период на King Crimson во кој токму Белу и Левин играа клучна улога. Наместо да свират класичен репертоар од бендот, четворицата се фокусираат на овој специфичен, ритмички сложен и денес култен дел од опусот на групата.
Секој од четворицата носи посебна тежина. Адријан Белу е гласот и гитарата на тие албуми, Тони Левин е еден од најпочитуваните бас-гитаристи во светот со Chapman Stick како заштитен знак, Стив Ваи е виртуоз кој нема потреба од претставување, а Дени Кери од Tool е меѓу најценетите тапанари на современиот рок. Европската турнеја се одвива во јуни и јули 2026 година низ осумнаесет земји, а софискиот концерт е дел од таа рута.
Билетите се достапни преку ticketstation.bg. Концертот е во Зала 1 на НДК во Софија, а за читателите кои размислуваат за патување – Софија е на околу четири часа возење од источна Македонија, што овој настап го прави реална опција за домашната прогресив-рок публика.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Пучини во Операта, рап од Детроит во Паблик рум и Дип Парпл во Арената, а за Ејсап Роки треба пат...
Тамбура, екс-ју рок и пејач кој публиката ја изгради на ТикТок, од среда до недела во две белградски сали. А...
Светскиот пијанист, фронтменот на Хаустор, „Кралицата на тагата“ и словенечките провокатори доаѓаат во Скопје од ноември до февруари. А тоа...
Од 11 октомври до 26 декември Арената добива девет концерти, од хард рок легенди до ју-поп кралици. Овој пат Скопје...
Од „Погледни ме в очите“ во 2002 година до девет албуми и над дваесет награди: Анелија го одбележува јубилејот во...
Без реклами, без бренд и без светло: бендот што третиот албум го сними во Ванкувер свири последен концерт пред пауза,...
Бендот што на сцена носеше православен хор и фолклорен ансамбл, а Би-Би-Си го нарече најквалитетниот бугарски рок бенд, на 19...
Еротика, научна фантастика и религиозен хорор во еден сценски свет: мултимедијалниот проект од Оукланд стига во Софија на 10 ноември.
Бендот роден во карантинот 2020, со настапи на Truck, 2000 Trees и The Great Escape, носи гранџ рифови и поп...
Три албуми, гостувања со Рашид Таха и звук што ги враќа ритмите на Северна Африка на подиумот: Асид Араб се...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.