Половина од социјалната помош за да не остане без неа: Службеник од Прилеп земал 18.000 денари поткуп
26.07.2026
26.07.2026
26.07.2026
26.07.2026
26.07.2026
25.07.2026
25.07.2026
26.07.2026
26.07.2026
25.07.2026
26.07.2026
26.07.2026
26.07.2026
26.07.2026
25.07.2026
24.07.2026
26.07.2026
26.07.2026
26.07.2026
26.07.2026
26.07.2026
26.07.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Стефан Богоев, поранешниот директор на Царинската управа и некогашен градоначалник на Карпош, излезе од притвор. Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје му ја уважи жалбата и ја прифати понудената гаранција од 55.000 евра во денарска противвредност – пет дена откако судија на претходна постапка му определи 30 дена притвор.
Слободата, сепак, доаѓа со услови: патните исправи му се привремено одземени, има забрана за преминување на државната граница, а судот изречно предупреди дека секое прекршување повлекува построги мерки. Парите се депонирани во корист на државата како осигурување дека осомничениот ќе се појавува во постапката.
Да потсетиме за што се товари: според кривичната пријава на Финансиската полиција до Обвинителството за организиран криминал, Богоев е еден од четворица осомничени – заедно со помошник-директор, управител на фирма и вработен – за злоупотреба на постапки за јавни набавки, поткуп и незаконско влијание во периодот од јули 2023 до март 2024. Конкретно: фаворизирање при договори за одржување хигиена на граничните премини, со противправна добивка од 18.479.692 денари – околу 300.000 евра тендерска вредност. Покрај тоа, се сомничи дека во периодот мај 2024 – февруари 2025 побарал и примил поткуп од 1.800 евра.
Аритметиката на случајот е она што боде очи: обвинение за милионска штета во денари – а слобода за 55.000 евра кеш. Гаранцијата, формално, не е пресуда за вина ниту ослободување; таа само го заменува притворот. Но граѓанинот што чита со право се прашува: колку обични луѓе можат да извадат 55.000 евра „во денарска противвредност” за пет дена?
Постапката продолжува, а Богоев ќе се брани од слобода. Прашањето што останува отворено за обвинителството: дали хигиената на граничните премини беше единствениот тендер со „фаворити” – или само првиот што излезе на виделина?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Шалтерски работник во Центарот за вработување барал по 6.000 денари месечно од човек што живее од гарантирана минимална помош. Три...
ЦУК го затвори дневниот биланс со три активни жаришта во Пробиштип, Куманово и Петровец. Гореа жито, лозови насади и борова...
Полицијата за еден ден ја врати украдената стока и откри дека едниот осомничен е во бегство од казнено-поправна установа.
Одлуката е дипломатски успех, но нацрт-одлуката предлагаше впишување на листата во опасност. Од 456 решенија за уривање, ниту едно не...
Клиничката болница ги пренасочува пациентите со скршеници кон други центри, а во Пробиштип пристигнале над 100 пријави за штета.
Два од згрижените штркови се подготвени да полетаат. Општината бара помош од граѓаните и се надева на згрижувачки центар што...
Поранешниот и актуелниот министер за надворешни работи си разменуваат реплики за преговарачката рамка. Наместо правно мислење, аргумент стана изборниот резултат...
Кризата се смирува, но водата сè уште не смее да се користи ниту како техничка. Во болницата во Лешок наодите...
Триесет минути за влез на Табановце, девијации кај Кичево, Јасен по термини и забрана за камиони над 15 тони низ...
Електровлечната подстаница помеѓу Лисиче и Драчево е целосно нефункционална. Николоски ветува дека градскиот воз тргнува на 1 септември.
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе