Полјак возел 164 на час каде смее 80: камерата го фатила, границата го запрела
23.08.2026
23.08.2026
22.08.2026
22.08.2026
23.08.2026
23.08.2026
22.08.2026
23.08.2026
23.08.2026
23.08.2026
23.08.2026
22.08.2026
21.08.2026
23.08.2026
23.08.2026
23.08.2026
23.08.2026
23.08.2026
22.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
23.08.2026
23.08.2026
22.08.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Ако државата одлучи да воведе онлајн гласање, тогаш очекувам тоа право да биде достапно и за мене, бидејќи живеам во Македонија и секојдневно ги чувствувам последиците од политичките одлуки.
Не барам никому да му се одземе правото на глас. Но, не прифаќам ситуација во која некој што живее во странство би имал можност да гласа онлајн, а јас, кој живеам, работам и плаќам даноци во Македонија, да немам ист таков пристап.
Ако онлајн гласањето е доволно безбедно и доверливо за дијаспората, тогаш треба да биде доволно безбедно и доверливо за сите граѓани. Еднаквите права значат еднакви можности. Доколку се воведе таков систем, тој треба да важи под исти услови за секој избирач, без разлика дали живее во Македонија или во странство.
Разочаран сум од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Години наназад слушам исти ветувања, гледам исти расправии и на крајот добивам исти резултати. Наместо суштински промени, добиваме меѓусебни обвинувања, а проблемите на граѓаните остануваат нерешени.
Поради тоа, не чувствувам дека мојот глас може да промени нешто во систем кој со години функционира на ист начин. Наместо да поминам цел ден следејќи изборни резултати и политички препукувања, размислувам денот на изборите да го поминам во Србија, покрај Сава, со коктел во рака и со мир во глава.
Демократијата не е само правото да се гласа, туку и правото да се биде разочаран, критичен и да се бара нешто подобро. Сѐ додека некој не покаже дека навистина заслужува доверба, мојата дилема останува – гласачко место или коктел покрај Сава.
Најмногу ме разочарува чувството дека мојот глас не вреди повеќе од гласот на некој што веќе дваесет години не живее во Македонија и не ги чувствува секојдневните последици од одлуките што се носат овде.
Јас живеам тука. Тука плаќам сметки, даноци, се соочувам со здравството, образованието, инфраструктурата и економијата. Секоја политичка одлука директно влијае врз мојот живот и животот на моето семејство.
Сега на сите граѓани што не сакаат да гласаат затоа што не гледаат реална политичка понуда, ќе им се продава приказната за дијаспората.
Наместо партиите да се прашаат зошто луѓето во Македонија се разочарани, зошто не веруваат во системот и зошто не гледаат излез, повторно ќе се бара алиби. Ќе се зборува за гласовите од странство, а ќе се молчи за тоа дека голем дел од граѓаните дома веќе не гледаат за кого да гласаат.
Јас немам ништо против дијаспората. Но имам против тоа разочараноста на луѓето што живеат тука да се прикрива со нова политичка математика. Проблемот не е само кој гласа од Канада, Германија или Австралија. Проблемот е што човек што живее во Македонија, плаќа даноци тука и секој ден се соочува со последиците од политиката, веќе не гледа реална понуда.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Прелетани хектари без количина прскано, најавени линии без патници, показна вежба без набавена опрема, затворена постапка без потпишано објаснување. Денот...
Тринаесет прскања и четворица починати, техничките решенија што се изработени но не изведени, и пет години истрага без ниту едно...
Денес разликата ја правеше присуството. Таму каде некој беше на терен или каде камерата работеше, има резултат и има пријава....
Забрана напишана пред шест месеци, технички решенија што стојат изработени, осум илјади кубни метри земја врз депонија што сепак гори....
Институциите денес трчаа по работи што веќе гореа. Авионите слетаа, екипите останаа, а најтешкиот дел не е она што гореше...
Измерената тежина, обележаната дупка и налогот со сумите постоеле пред штетата. Денот не е приказна за непознати бројки, туку за...
Педесет и два пожари за еден ден и мештани што го запреле огнот, криза завршена со чаша вода пред камери,...
Наодот постои, пријавата постои, вештачењето постои. Тоа што недостига е некој од другата страна што ќе го отвори документот и...
Речиси секоја домашна вест денес има институција што го има планот, бројката или соопштението - и нема ниту еден датум,...
Денот произведе документи на секој чекор: упат, соопштение дека пожарите се подметнати, две спротивни лабораториски анализи и билтен со точни...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.