Антитерористичка акција во Скопје: знаме на ИСИС и оружје, а официјалните детали – „по завршувањето“
29.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
28.09.2026
27.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
28.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
28.09.2026
27.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
28.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
29.09.2026
28.09.2026
27.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Во Карпош две детски игралишта се во лоша состојба од сосема различни причини, но последицата е иста: децата треба да внимаваат повеќе од возрасните што требаше да ги одржуваат.
Во Тафталиџе, на инклузивното детско игралиште кај Халк банка, пред Пожарната станица, граѓаните се жалат дека реквизитите се расклатени и дека се опасни за децата што секојдневно си играат на нив. „Добро е што се поставуваат детски игралишта, но тие треба да се одржуваат. Проблемот е во тоа што не се прави тоа редовно“, велат тие и бараат итна реакција.
Чие е игралиштето? Од Општина Карпош одговараат дека игралиштето го поставил Град Скопје, па одржувањето и реконструкцијата се негова обврска. Општината, велат, испратила допис со ургенција до Градот и очекува „во брзо време надлежните служби да излезат на терен“. Засега, тобоганите во Тафталиџе стојат таму каде што стоеле – расклатени.
Во Карпош 1, пак, проблемот не е во одржувањето, туку во вандалите. Општината соопшти дека на тамошното детско игралиште се оштетени повеќе реквизити и дел од урбаната опрема, и побара полицијата што побргу да ги пронајде сторителите. „За жал, вложувањата во создавање безбедни и уредни простори за најмладите повторно се доведуваат во прашање поради неодговорното однесување и вандалските случаи“, наведоа од Општината.
Карпош вели дека на својата територија има 57 детски игралишта кои редовно ги одржува и ги реконструира по потреба, и апелира до граѓаните одговорно да се однесуваат кон јавниот простор. Апелот е на место – уништено игралиште е кражба од сопствените деца. Но родителот во Тафталиџе не прашува кое ниво на власт го поставило тобоганот. Прашува кој ќе го затегне пред некое дете да падне од него.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Седум села со над 5.000 жители дишат чад од депонијата. Општината ветува механизација за два дена, а трајното решение чека...
Листата е долга - улици, паркинзи, стипендии, фестивали. Износи во отчетот нема, а дел од најголемите проекти сè уште се...
Домаќинки, печки, црвена пиперка и домашно сирење. Традиција што Босилово ја гради петта година по ред - и едно прашање...
Само 50 од 81 општина одговориле во законскиот рок. По две децении закон, информацијата сè уште често стигнува дури по...
Секој ден во светот партнер или член на семејството убива 137 жени и девојчиња. Убиството ретко е прв сигнал -...
Старите светилки беа украдени или уништени, а новите ги донираше Есенлер. Колку чинеше и кој ќе ги чува - засега...
Бутел најавува „најголема градежна офанзива“ во населбата. Жителите поздравуваат, но потсетуваат на паркингот по кој водата им ја поткопала зградата.
Бројките се од 2018-2019 година, понови нема. Контрацептивите годинава влегоа на есенцијалната листа на лекови, но и понатаму се плаќаат...
Отчет пред партиско пано „Македонија забрзува“, долга листа улици и проекти, а во објавеното ниту една сума за тоа колку...
Статусот ќе се проверува автоматски, а картичката ќе биде QR-код во апликацијата SkopjeBus. Новината ја најавија и ЈСП и партискиот...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.