Нова истрага за газдата на „Пулс“: Обвинителството тврди дека лиценцата ја купил со поткуп
02.10.2026
02.10.2026
02.10.2026
02.10.2026
02.10.2026
01.10.2026
30.09.2026
02.10.2026
02.10.2026
01.10.2026
02.10.2026
02.10.2026
02.10.2026
02.10.2026
01.10.2026
30.09.2026
02.10.2026
02.10.2026
02.10.2026
02.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
01.10.2026
01.10.2026
30.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Македонската индустрија по осум месеци формално е во плус, но едвај. Според Државниот завод за статистика, индустриското производство во август било 1,9 отсто пониско отколку во август лани. Со тоа кумулативниот раст за периодот јануари-август падна на 0,6 отсто, од 0,9 отсто колку што беше по првите седум месеци.
Годината не изгледа како закрепнување, туку како цик-цак. Јануари донесе пад од 6,6 отсто, февруари уште минус 4,2, април скок од 7,6 отсто, мај повторно минус. По сите тие скокови и падови, линијата на крајот е речиси рамна.
Каде падна најмногу
Во август најдлабок минус има рударството и вадењето камен, со пад од 10,1 отсто. Преработувачката индустрија, која е и најголемиот дел од домашното производство, е во минус 1,3 отсто. Во плус е само снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, со скромни 0,8 отсто.
Покажувачот што најмногу загрижува е кај капиталните производи, со пад од 8,9 отсто. Производството на машини и уреди е помало за 9,6 отсто, на моторни возила, приколки и полуприколки за 8,7 отсто, а на електрична опрема за 6,9 отсто. Тоа се гранките што ги поврзуваме со извозот и со големите фабрики. Единствено производите за широка потрошувачка растат: трајните за 5, нетрајните за 7 отсто.
Помалку луѓе во погоните
Истиот завод ја објави и другата половина од сликата. Бројот на работници во индустријата во август е помал за 3 отсто во однос на август лани, а за осумте месеци за 2,8 отсто. Во рударството падот е 8 отсто, во преработувачката индустрија 2,8 отсто. Бројот на работници опаѓа во сите главни индустриски групи, дури и кај нетрајните производи за широка потрошувачка, каде што производството пораснало за 7 отсто, а работниците се помалку за 4,4 отсто.
Раст од 0,6 отсто, со 3 отсто помалку работници, не е бројка со која се прават прес-конференции. Ако августовскиот пад на машините и автомобилските делови е ехо од послабите нарачки во Европа, есента ќе покаже дали е еднократен или почеток на тренд. Дали некој во Владата ќе излезе да ја објасни оваа табела?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Предлог-измените на Законот за домување даваат нов рок до крајот на 2027 година и прецизен датум за присилно иселување. Само...
Од 349.334 пензионери, 98.318 примаат минимална пензија, од 20.288 до 23.945 денари. Основата за нивната пресметка и денеска е просечната...
OpenAI вели дека тројцата прекршиле правила за доверливи информации. Се случува два дена откако се дозна дека раководството ги игнорирало...
Првата третина од централата е вклучена, целта е 100 мегавати, а локацијата може да стигне до 4 гигавати. Дата центрите...
Meta само лани продала над 7 милиони паметни очила, а законот што требаше да го забрани тајното снимање со нив...
Буџетот беше прекроен во јули, а веќе се подготвува ново кроење. Цените на горивата се држат ниски со помали акцизи...
Visa и Mastercard обработуваат речиси две третини од картичните плаќања во Европа. Пет европски системи сега градат свои шини -...
Германија 3,3, Франција 3,4, Италија 4,1, Шпанија 4,9 отсто. Енергијата повторно ги турка цените, а Франкфурт решава дали да ги...
Google вели дека има најмоќен модел, а мерката ја дава стартап на чиј индекс е прв. Поинтересно е што Argon...
Предвидувањето дека електричниот автомобил ќе стане поевтин од бензинскиот конечно доби чиста споредба: BMW ја прави истата Серија 3 на...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.