„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Постои еден грчки остров што многумина не би можеле да го најдат на мапа – и токму тоа е неговата убавина. Кимолос, мало островче во Кикладите југозападно во Егејот, до неодамна остана надвор од радарот на масовниот туризам. Има само околу 36 квадратни километри и илјада постојани жители, но носи сè што бараат оние што бегаат од преполните плажи на Миконос и Санторини.
Да стигнеш дотаму бара трпение – а тоа е дел од филтерот. Од Атина се патува со два трајекта: прво до соседниот Милос, па уште дваесет минути до пристаништето Псати. Има и директни линии од Пиреј во сезона, но поретки и подолги. Тешкиот пристап е причината зошто островот сè уште мириса на риба и мајчина душичка, а не на туристичка индустрија.
Пејзажот е вулкански – сушни ридови што паѓаат кон бистри води, куќи варосани во бело со тесни улички обраснати со бугенвилии. Главното село Хорио се смета за едно од најдобро зачуваните традиционални села во Кикладите, со средновековен замок што некогаш ги штител жителите од пирати. Самото име доаѓа од „кимолија” – грчкиот збор за креда, минерал што овде некогаш бил ископуван.
Плажите се приказна за себе. Праса има бел песок богат со минерали и вода со интензивно сина боја; Бонаца е плитка и погодна за семејства; Алики нуди фин песок и сенка од дрвја. До многу од нив се стигнува само пеш, со велосипед или со мал чамец – па дури и во јули остануваат празни. Од островот се прават и излети до необитаемиот Полиегос, најголемиот ненаселен остров на Средоземјето, познат по надреално сините води и медитеранските фоки.
А кога сонцето ќе зајде, се јаде онака како што треба – во семејни таверни во Хорио и во пристаништето, со свежа риба на скара, сушена октопода, домашни сирења и ладенија, доматна лепиња полиена со маслиново масло што Грците ја викаат претходник на пицата. Летно кино на отворено, бесплатни проекции под ѕвездите. Кимолос не бара да го разбереш – бара само да го оставиш таков каков што е.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Пет бели пирамиди меѓу Карипското Море и лагуната, ледени бањи и јога под црвена светлина. Вистинските маиски пирамиди, сепак, се...
Час и половина од Брисел кравите пасат по влажни ливади, сирењето зрее во визби, а во опатија основана во 1216...
Поранешната британска колонија слави независност, а гостинот е британскиот крал. Зад рекламата со плажа за секој ден во годината стои...
Град чии 85% завршиле во пепел во Втората светска војна, а денес живее од пивници, згради на Франк Гери и...
На половина час со траект од Неапол, меѓу Капри и Искија за кои сите знаат. Тука Перез-Реверте го донесе новиот...
Капетанот Рихард Вит ја отворил со две морски карти, за северот да ја преживее зимата. Денес бродот наесен плови низ...
Додека во Овиедо ја примаше наградата „Принцеза од Астурија“, Меси повторно кажа каде му е домот. Маршрута низ Ла Бахада,...
Замок, па манастир, па летниковец на грофот од Арона: семејството Боромео го држи островот речиси четири века, врз основа на...
Дојде на форум, остана заради кафето. Плантажа, театар и вечера од осум јадења - рута што може да ја помине...
Тренерот на Барселона е роден тука, а сопругата на 12 километри оттука. Град во кој секој четврти жител е студент,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.