Пукаа на веселба во Добридол, полицијата тргна дури откако видеото стана вирално
02.08.2026
02.08.2026
02.08.2026
02.08.2026
02.08.2026
02.08.2026
01.08.2026
02.08.2026
01.08.2026
31.07.2026
02.08.2026
02.08.2026
02.08.2026
02.08.2026
02.08.2026
01.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
02.08.2026
01.08.2026
31.07.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Американската салата од зелка што ја гледаш покрај ребрата и бургерите изгледа како нешто што бара мајсторство, а всушност е една од најлесните работи што може да ги направиш дома. Се вика колсло, и целата тајна не е во рецептот, туку во една ситница што повеќето ја прескокнуваат.
Состојките се кратки: половина бела зелка, два морква, четири лажици мајонез, лажица јаболков оцет, лажица сенф, сол и пипер. Зелката се сецка на најтенки ленти, морковот се рендисува на ситно, се мешаат во чинија. Преливот – мајонез, оцет и сенф измешани одделно – се додава на крајот и убаво се вмешува.
Тука доаѓа трикот што ја дели водената салата од крцкавата. Пред да го додадеш преливот, посоли ја сецканата зелка и остави ја десетина минути, па исцеди ја вишокот вода. Така зелката останува тврда и крцкава, а салатата не пушта вода на дното на чинијата по половина час. Тоа е разликата меѓу „мокра трева” и вистинско колсло.
Ако сакаш да го измазниш вкусот, додади малку шеќер, мед или рендано јаболко – тоа ја балансира киселоста на оцетот и сенфот. За подлабок вкус оди дижонски сенф наместо обичен. И не брзај: остави ја салатата најмалку половина час, а ако имаш трпение – и цел час во фрижидер, за да се поврзат вкусовите. Оди совршено со печено пиле, свинско или едноставно покрај скара во дворот.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Дани Гарсија го сведува целото прашање на три работи - стабилност, тело и киселост. Составката што ретко кој ја става...
Три верзии, еден калап и шест часа мирување. Тортата што се сече по три часа не е готова торта.
Тенка кора, речиси никаква лутина и заштитен знак што ја крева цената. А најчестата грешка при пржење е претрупана тава.
Киселината го згуснува кремот уште во садот, пред фурна. Затоа секое дополнително мешање ти ја расипува текстурата.
Оцетот, кромидот и пиперката го гушат вкусот на овошјето. Затоа црешите влегуваат последни, а не заедно со сè друго.
Сите мислат дека канелон значи рерна и бешамел. Не значи. Четири ладни верзии, ниту еден степен фурна и еден трик...
48 часа замрзнување не се совет за подобар вкус. Секој што ти каже дека оцетот е доволен, ти дава кулинарски...
Тешкото утро обично не е вина на пијалокот, туку на изборот направен во продавница за три евра. Што бараат барменџиите...
Јадење што сите го знаат, а никој не го прави како што треба. Наградениот готвач открива зошто повеќето салати испаѓаат...
Свежи сардини, диво коморче, суво грозје и шафран. Некои јадења се раѓаат од изобилство, најдобрите од немање.
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.