„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Американските власти за прв пат обвинуваат човек затоа што при гранична контрола внесол лозинка што му го избришала телефонот. Случајот на Семјуел Тјуник од Атланта, според неговата одбрана, е првото познато федерално гонење во САД за уништување податоци преку таканаречена лозинка за принуда – функција што намерно го брише уредот кога ќе се внесе наместо вистинската шифра.
Настанот се случил на 24 јануари 2025-та на аеродромот во Атланта, при враќање од странство. Тјуник бил одведен на дополнителна проверка. Според неговиот правен поднесок, граничните агенти не му дозволиле пристап до адвокат и не го известиле за неговите права, а потоа побарале шифра од телефонот – тврдејќи дека бараат материјал за злоупотреба на деца, без да покажат никаков доказ. Тјуник дал шифра. „Екранот стана празен, светна неколку пати и телефонот се рестартираше.” Уредот сепак му го одзеле, а нему му дозволиле влез.
Функцијата постои во GrapheneOS, приспособен оперативен систем за телефоните Google Pixel, наменет токму за луѓе што сакаат максимална контрола врз своите податоци. Тјуник сега е обвинет според член што забранува свесно уништување на имот за да се спречи негово одземање. Се изјасни за невин, а неговите адвокати бараат доказите да бидат отфрлени, тврдејќи дека проверката и одземањето биле незаконски.
Двајца независни експерти за дигитална безбедност изјавија дека не сретнале сличен случај досега. Едната од нив, Руна Сандвик, даде совет што вреди да се запамети без разлика во која земја живеете: „Овој случај е потсетник дека властите можат да тврдат дека свесно сте уништиле податоци, па затоа е подобро воопшто да ги немате тие податоци со себе кога поминувате одредени граници.”
Тука е и посуштинскиот дел. Владата на САД се држи до ставот дека границите не се американско тло сè додека патникот не добие дозвола за влез – што значи дека уредите може да се пребаруваат без судски налог. Токму затоа овој случај не е само за еден човек и еден телефон. Тој ја исцртува црвената линија: каде завршува правото на држава да ти гледа во џебот, а каде почнува твоето право да го заклучиш.
Поднесокот на Тјуник тврди дека властите можеби всушност истражувале негова поврзаност со едно еколошко движење во Атланта што се спротивставува на изградба на полициски тренинг центар. Ако е така, приказната добива уште еден слој – за тоа како безбедносната машинерија умее да го претвори активизмот во сомнеж, а патувањето во испит. Судот во Атланта се очекува да одлучи за барањето подоцна годинава.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.