„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Компанијата Monday.com оваа недела ѝ се придружи на листата што станува срамно долга. Во документ поднесен до американскиот берзански регулатор, фирмата од Тел Авив која продава шарени табли за организирање работа објави дека отпушта околу 20 отсто од вработените – нешто повеќе од 600 луѓе. Причината, официјално: „преструктурирање” поврзано со „трансформација на производот, маркетингот и излезот на пазар”, сето тоа во служба на „поитка, пофокусирана оперативна структура” додека се вложува во „стратегија за раст водена од вештачка интелигенција”.
Преведено од корпоративен на човечки: шестотини луѓе одат дома, а на сцената останува софтвер.
Соосновачот Еран Зинман им напиша на вработените дека одлуката „не беше донесена за да се намалат трошоците или луѓето да се заменат со вештачка интелигенција”. Тоа е реченица што вреди да се прочита двапати. Компанијата истовремено проектира до 20 отсто раст на приходите за оваа година и очекува меѓу 45 и 55 милиони долари трошоци од самото преструктурирање. Ако тоа не е замена на луѓе со машини, тогаш барем е одличен пример како се вика замената кога не сакаш да ја наречеш со вистинското име.
Бројката што ја кажува приказната
Според анализа на Financial Times, американските технолошки компании од почетокот на годинава отпуштиле речиси 140.000 луѓе. Само Amazon, Oracle, Meta и Microsoft се одговорни за скоро 50.000 од нив – истите компании што истовремено вртат стотици милијарди долари во градење центри за податоци за вештачка интелигенција. Парите не исчезнаа. Само се преселија од плати во бетон, кабли и струја.
Но еве го делот што ретко се чита во соопштенијата. Истата анализа покажала дека компаниите што ја наведуваат вештачката интелигенција како причина за отпуштањата подоцна заостанувале зад индексот Nasdaq за скоро 10 отсто во триесетте берзански денови по објавата. Пазарот, се чини, не ја голта приказната толку лесно колку што ја пишуваат.
А приказната е прилично добро извежбана. Извршниот директор на Cloudflare Метју Принс објасни дека „огромното мнозинство од отпуштените минатата недела беа мерачи”. Директорот на Snap Еван Спигел напиша дека „брзиот напредок во вештачката интелигенција им овозможува на нашите тимови да ја намалат повторувачката работа”. Основачот на Block Џек Дорси го спомна „новиот начин на работа” со „помали и порамни тимови”. Секој од нив има своја формулација. Ниту еден не ја има истата, а сите значат исто.
Не е сè црно – но не е ни она што го продаваат
Има и друга страна. Anthropic и OpenAI вработуваат брзо и голтаат дел од луѓето што ги испуштаат другите. Meta оваа година префрлила околу 7.000 вработени во нови позиции поврзани со вештачка интелигенција додека отпуштала 8.000 други. IBM тврди дека ги трипати вработувањата на почетно ниво за такви работни места. Значи, дел од луѓето не исчезнуваат – се преместуваат. Проблемот е што преместувањето бара да имаш ново знаење, а бројот на луѓе кои го имаат е далеку помал од бројот на луѓе кои останаа без работа.
Списокот од оваа година е долг и конкретен: Dell 11.000, Amazon 16.000, Oracle 21.000 во дванаесет месеци, PayPal над 4.500, Cisco 4.000, Microsoft 4.800, Meta 8.000, Intuit 3.000, Coinbase 700. Тоа не се проценки, тоа се објави.
Балканските ИТ фирми не се на таа листа, барем не засега – но овде секторот работи главно за странски клиенти. Кога Amazon или Oracle кратат буџети, нарачките не се кратат само во Сиетл. Прашањето е колку време треба еден бран од Тел Авив и Калифорнија да стигне до Скопје, Белград и Загреб, и дали некој воопшто ќе го најави или ќе го дознаеме од исти вакви соопштенија со истите зборови.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.