„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Од 28 јули, корисник на Roblox ќе може да напише „ајде да направиме опуштена авантура во густа шума” и платформата ќе му врати игра. Без програмирање, без една линија код, од телефон. Функцијата се вика Build, а според компанијата, зад неа стои сет од модели за вештачка интелигенција што ја покриваат механиката, околината, ликовите, визуелниот стил и звукот.
Во соопштението на компанијата има една реченица што вреди повеќе од целата најава. Одговарајќи на стравувањата дека платформата ќе се удави во безвредни игри, од Roblox пишуваат дека нивните системи за пребарување ги истакнуваат игрите со долготрајна публика, „што не вклучува AI slop“. Компанијата што штотуку пушти машина за автоматско производство на игри, самата го употреби изразот „ѓубре од вештачка интелигенција” – и тоа во текстот со кој ја брани машината.
Бројката што стои зад тој страв не е измислена од огорчени програмери. Годинашната анкета на Game Developers Conference, спроведена меѓу над 2.300 луѓе од индустријата, покажала дека 52 отсто од нив сметаат дека генеративната вештачка интелигенција има негативно влијание врз нивната гранка. Половина од струката. Не половина од публиката – половина од оние што ги прават игрите.
Поважен од самиот процент е правецот во кој се движи. Пред две години таквите биле 18 отсто, лани 30, годинава 52. Тоа не е отпор на луѓе што не ја разбираат технологијата – тоа е кривата на луѓе што ја користат и гледаат што им прави. Оние што ја оценуваат позитивно паднале на 7 отсто.
Логиката на нивниот страв е едноставна и нема врска со уметноста. Создавачот на Roblox досега се натпреваруваше со други создавачи. Отсега се натпреварува и со содржина што се произведува неспоредливо побрзо од неговата. Кога бариерата за влез паѓа на нула, не паѓа само квалитетот – паѓа и вредноста на времето што некој го вложил да научи занает.
Одговорот на Roblox е дека игрите направени со Build ќе се рангираат според тоа колку играчите се враќаат, исто како и сите други. „Ако никој не ја игра – никој не може да ја најде”, велат од компанијата. Звучи разумно. Но тоа е одбрана на почетната страница, не на екосистемот. Ако милион генерирани игри се борат за внимание, тие не мора да стигнат до врвот за да направат штета. Доволно е да го исполнат просторот низ кој обичниот создавач порано се пробиваше.
Тестирањето почнува како јавна алфа на 28 јули, ограничено на корисници во Нов Зеланд постари од девет години што ја потврдиле возраста. Оние над 16 години ќе можат да ги објават своите игри пред светска публика. Ќе има бесплатна основна верзија и платени опции. Тоа значи дека компанијата веќе знае каде е парата – не во алатката, туку во нејзините нивоа.
Roblox не застанува тука. Работи на агенти што ќе им помагаат на создавачите во тестирањето и анализата, има модел за правење тродимензионални елементи, има разговорен помошник за програмери, и развива модел што од едно барање гради цела сцена подготвена за играње. Во исто време, ја гасне Roblox Connect, функцијата за видео-повици преку аватари од 2023 година. Едно се гаси, друго се вклучува – а платформата на која милиони деца поминуваат попладниња секој пат се менува пред некој да стигне да праша што значи тоа.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.