Skip to content

Сали: пораките од Брисел се потврда за нашата европска перспектива. Колку потврди до членство?

1 мин. читање
Сподели
Сали: пораките од Брисел се потврда за нашата европска перспектива. Колку потврди до членство?

По дебатата во Европскиот парламент за извештајот за нашата земја, вицепремиерот за европски прашања Беким Сали порача дека „пораките од Брисел се силна потврда за нашата европска перспектива”. Оптимизмот е разбирлив – но и познат до напамет.

Секоја влада, без оглед на боја, по секоја дебата во Брисел излегува со истата реченица за „потврдена европска перспектива”. Проблемот е што перспективата трае веќе две децении, а самата членка сè уште е некаде на хоризонтот. Колку „силни потврди” се потребни пред потврдата да стане – членство?

Европскиот парламент навистина одржа дебата и навистина има извештај, и тоа не е безначајно. Но разликата меѓу позитивна реченица од брисел и реален напредок е огромна, и токму таа разлика секоја влада умее да ја замати со оптимистички соопштенија. Граѓанинот што со години слуша исти пораки има право да прашува конкретно: што всушност се смени по оваа дебата, и кога тие пораки ќе се претворат во датум?